Бошава или Бошавица — река во Јужна Македонија, десна притока на Вардар.
Извира на планината Кожуф на надморска височина од 1.070 метри, каде е наречена Лисачка Река, а се влева во Вардар пред Демиркаписката Клисура на височина од 95 метри.
Реката тече во истоимената област Бошава/Бошавија.
Тек
Извира на планината Кожуф како Лисачка Река, а подоцна поминува помеѓу планината Кожуф и висорамнината Витачево. Има вкупна должина од 51,5 километри со вкупно сливно подрачје од 467,7 км2.
Значаен дел од сливот има пороен карактер.Миловој Гашевски, Основни хидрографски особености на главните притоки на Вардар во СР Македонија, „Географски разгледи“, кн. 17, Скопје, 1979
Притоки
Нејзини најголеми притоки се: Дошница (38,5 км) и Бохулска Река (23 км).
Галерија
Поврзано Вардар Баровска Клисура Бошава (област)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Конопиште Категорија:Кожуф Категорија:Реки во Македонија