thumb|250px|right|Национално знаме на Англија и на Англичаните.
Англичаните (на англиски: English people, од староанглиски: Englisc) се луѓе чие потекло или живеалиште е поврзано со Англија. Според идентитетот тие се сметани и како националност и како етничка група. Англискиот идентитет води потекло од од раниот среден век кога тие биле познати на староанглиски како Anglecynn. Денеска Англија е земја која е дел од Обединетото Кралство и поголем дел од Англичаните во Англија се британски граѓани.
Историски, англиската популација е добиена од неколку генетски блиски и слични племиња- раните Бритони, Германите кои се населиле на територијата на денешна Англија, вклучувајќи ги Англите, Саксонците, Јутите кои први ги поставиле никулците на денешната англиска држава и подоцна данските викинзи и Норманите. После договорот за унификазија сод 1707 со кој Кралството Англија станало дел од Обединетото Кралство на Велика Британија, англиската традиција и култура блиско се поврзала со британската култура и обичај.
Денес во светот има вкупно околу 90 милиони Англичани, од кои 42.260.000 во Англија. ЦИА наведува дека според британскиот попис од 2001 година, 92.1% од населението во Обединетото Кралство припаѓале на белата етничка група, а 83.6% од нив припаѓале на англиската етничка група. Според британскиот Завод за национална статистика, вкупното население во Обединетото Кралство изнесували 58.789.194, што претставува еквивалент на 45.265.093 луѓе од англиската етничка група; сепак, овој број не претставува црвсто дефинирана етничка група, зашто битанскиот попис од 2001 година не ја нудел опцијата „Англичанец“ кај прашањето за „националност“. Оттука, податоците на ЦИА веројатно се однесуваат на луѓето кои на пописот се изјасниле како „белци“. Понатаму, 27.517.394 Англичани живеат во САД, 6.570.015 во Канада,2006 Canadian Census Според канадскиот попис, 1.367.125 луѓе на прашањето за етничкото потекло одговориле „англиско“ како единствен одговор, а 5.202.890 луѓе ова потекло го навеле во повеќекратниот одговор, што го дава вкупниот број 6.570.015. 6.358.880 во Австралија, од 44.202 до 281.895 во Нов Зеланд. Нивниот национален јазик е англискиот, а нивната религија е христијанството (т.е. англиканството).
Англичаните како тема во уметноста и во популарната култура „Седумнаесет отруени Англичани“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес Габриел Гарсија Маркес, Дванаесет искушенија. Скопје: Три, 2008. „Нашите Англичани“ (француски: Nos Anglais) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан од 1885 година.„Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 116-126. „Англиските рози“ (англиски: The English Roses) — песна на англиската рок-група Притендерс (Pretenders) од 1981 година.Pretenders* – Pretenders II (пристапено на 18.2.2024) „Англиска роза“ (англиски: English Rose) — песна на англиската рок-група Џем (The Jam) од 1978 година.Discogs, The Jam – All Mod Cons (пристапено на 2.1.2023) „Англичанецот кој се качил на рид, а слегол од планина“ (англиски: The Englishman Who Went Up a Hill but Came Down a Mountain) - британски филм од 1995 година, во режија на Кристофер Монгер.Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 22.Антена, број 864, 16.1.2015, стр. 22.
Во делото „Богатството на царот Радован“, српскиот поет Јован Дучиќ вели дека Англичаните не се љубоморни затоа што ги почитуваат жените, гледајќи во нив и сестра и мајка, а не само љубовница.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 111. Од друга страна, за Англичанките вели дека им се даваат на џентлмените кои се дискретни и перверзни и кои многу се смеат.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 149. Во романот „Сликата на Доријан Греј“, Оскар Вајлд вели дека од сите луѓе на светот, Англичаните имаат најмалку смисла за убавината на книжевноста.Oscar Wilde, Slika Doriana Graya. Zagreb, Mladost, 1989, стр. 46.
Поврзано Британци Кралство Англија Историја на Англија
Наводи
Категорија:Народи
Категорија:Британци