За други значења на поимот Голема Река, видете на појаснителната страница

Голема Река — десна притока на реката Сатеска.Jovan Đ. Marković (1990): Enciklopedijski geografski leksikon Jugoslavije; Svjetlost-Sarajevo; ISBN 86-01-02651-6 Извира северозападно од Плакенска Планина, на н.в. од 1.880 м, а се слива на н.в. 759 м кај селото Белчишта. Долга е 24,1 км, има вкупен пад од 1.121 м и просечен пад од 46,5‰. Сливот зафаќа површина од 123 км2. Во горниот дел има планински, а во долниот дел рамничарски карактер. Помеѓу сливот на оваа река и Мраморечка Река постои подземна природна бифуркација.

Наводи

Категорија:Реки во Македонија