Херкул Поаро — книжевен белгиски детектив, кој го создала Агата Кристи. Заедно со Госпоѓица Марпл, Поаро е еден од најпознатите стари ликови на Агата Кристи и се појавува во 33 новели и 51 расказ, кои биле објавени помеѓу 1920 и 1975 година.

Поаро е прикажан на екранот, за потребите на филмот и телевизијата, од различни глумци, вклучувајќи ги и Алберт Фини, Питер Устинов, Јан Холм, Тони Рандал, Алфред Молина и Дејвид Суше.

Краток преглед Влијанија Името му е изведено од двајца други книжевни детективи во тоа време: Херкул Попо на Мари Белок Лаундес (Marie Belloc Lowndes' Hercule Popeau) и Господин Поаро на Френк Ховел Еванс (Frank Howel Evans' Monsieur Poiret), пензиониран белгиски полицаец кој живеел во Лондон. Очигледно е влијанието на Артур Конан Дојл врз почетните раскази на Кристи со Поаро. Во Автобиографијата, Кристи признава: „Пишував по теркот на Шерлок Холмс - чуден детектив, со инспектор Јап ко помошник, кој е пак инспириран од детективот на Скотланд Јард – ЛестрадРепродуцирано како „Вовед“ во . Конан Дојл пак, признава дека своите детективски раскази ги засновал врз моделите на Едгар Алан По и својот лик, Шерлок Холмс, го засновал врз Џозеф Бел, кој, според неговите замисли за рационалност, се потпира на своите „мали, сиви мозочни клетки“ - одлика која е типична и за Поаро . Поаро има и впечатлива сличност со книжевниот детектив на Масон (A. E. W. Mason) – инспекторот на француската безбедност Ханауд, кој првпат се појавил во 1910 година во новелата На вилата Розе, шест, односно десет години пред да излезе првата новела со Поаро.

Поаро на Кристи е Белгиец. За разлика од претходно споменатите модели, ликот на Поаро на Кристи е резултат на нејзиниот прв развој на еден детектив во првата книга напишана во 1926 година (иако објавена во 1920 година). Не само што беше интересна неговата белгиска националност поради окупацијата на Белгија од Германија (што овозможи соодветно објаснување зошто толку обучен детектив нема работа и е достапен за решавање на мистерии на англиско тло), туку и во времето на пишувањето на Кристи, се сметало дека е патриотски да се изразуваат симпатии спрема Белгијците, откако инвазијата на нивната земја го конституираше британското casus belli за влез во Првата светска војна, а британската воена пропаганда го нагласува Насилството врз Белгија.

Популарност Неговото прво објавено појавување беше во Мистеријата во Стајл (објавена во 1920 година), а последното во Завеса (објавена во 1975 година, една година пред смртта на Кристи). На објавувањето на оваа новела, Поаро беше единствениот книжевен лик кому му беше објавен некролог во Њујорк Тајмс; 6. Август, 1975 година „Херкул Поаро е мртов; познатиот белгиски детектив". До 1930 година, Поаро на Агата Кристи беше „неподнослив“, а до 1960 година, тој беше „омразен, бомбастичен, заморен, егоцентричен, мал подлизурко“. Сепак публиката го сакаше, а Кристи одбиваше да го тргне овој лик, тврдејќи дека должност и е да продолжи со тоа што го сака публиката, а тоа што публиката го сакаше беше Поаро.

Изглед и лични атрибути Еве како капетанот Артур Хастингс за првпат го опишува Поаро: „Тој беше едвај повеќе од пет стапки и четири сантиметри висок, ама имаше голема гордост. Главата му беше како во форма на јајце и секогаш ја замавнуваше малку на едната страна. Мустаќите му беа многу цврсти и војнички. Дури и сè од неговото лице да беше покриено, мустаќите и розовиот нос ќе му беа видливи.

Педантноста на неговата облека беше речиси неверојатна; мислам дека дамка од прашина би му задала поголема болка отколку рана од куршум. Сепак, овој премногу отмен мал човек, кој за жал лошо накривнуваше, во ова време беше еден од најславните членови на белгиската полиција“. Еве како Агата Кристи го опишува Поаро во „Убиство во Ориент Експрес“ на првите страници: „Со чекор што водеше до автомобилот за спиење, одеше млад француски поручник, во раскошна униформа, заедно со мало човече (Херкул Поаро), пригушено до уши, на кое ништо не беше видливо, освен розово носе и две линии од нагоре-закосените мустаќи". Во подоцнежните книги, накривнувањето не се споменува, за што се претпоставува дека било привремена повреда од војната. Поаро има темна коса, која во подоцнежниот дел од животот си ја бојадисува (иако многу од неговите инкарнации на екран се претставени со седа коса) и зелени очи, кои постојано се опишувани дека „блескаат како на мачка“, кога ќе се сети нешто. Почесто се споменувани и неговите кожни чевли, кои често се комични за читателите. Изгледот на Поаро, кој за време на почетокот на неговата кариера се смета за префинет, подоцна е целосно надвор од мода. Помеѓу најзначајните лични атрибути на Поаро е чувствителноста на неговиот стомак: „Авионот се спушти полека. „Мојот стомак,“ помисли Поаро и решително си ги затвори очите“. Тој пати од морска болест, а во „Смрт во облаците“ смета дека неговата воздушна болест го спречила да биде повнимателен во времето на убиството. Поаро е екстремно точен и носи часовник речиси до крајот на својата кариера. Тој е префинет и во врска со своите лични финансии, претпочита да чува банкарска сметка од 444 фунти, 4 шилинзи и 4 пени

Методи

Во „Мистеријата во Стајлс“, Поаро дејствува како прилично конвенционален детектив, кој се заснова врз траги и се потпира на логиката, што е прикажано и во неговиот речник со две фрази: употребата на малите сиви мозочни клетки и „ред и метод’’.

Освен во „Убиство на синџири“, каде тој во најголем дел се заснова на траги, Поаро исмејува детектив соперник, кој се сосредоточува само на традиционалната патека на траги што се основала во детективската проза по примерот на Шерлок Холмс: отпечатоци од нозе, раце и пепел од пура. Од овој аспект, тој себеси се прогласува за психолошки детектив, кој не дејствува со целосно истражување на местото на злосторството, туку со навлегување во природата и на жртвата и на убиецот. Главно за неговото однесување во подоцнежните новели е подвлечената претпоставка дека одредени злосторства можат да ги извршат само одредени типови на луѓе.

Методите на Поаро се засноваат врз разговор со луѓето. Во првите новели, тој често се поистоветува со улогата „Папата Поаро“ , исповедувач, особено на младите жени. Подоцна тој слободно и лаже за да стекне доверба од други ликови, или измислувајќи своја причина за заинтересираност во случајот или извинување за испрашувањето.

Поаро сака и да се појавува како странец и пооттуѓен за луѓето да го потценат. Тој признава: „ Вистина е дека можам да го зборувам точниот граматички англиски. Ама пријателе, да се зборува лош англиски многу е од помош. Ги тера луѓето да те презираат. Тие си велат – странец – дури не може ни да зборува соодветно англиски. Затоа се фалам!“ Англичанец е, вели тој, „човек кој мисли повеќе за себеси, отколку што навистина вреди.‘’

Во подоцнежните новели, Кристи често го користи зборот mountebank (шарлатанствува), кога Поаро е проценет од други ликови како шарлатан или измамник.

Сите овие техники му помагаат на Поаро да ја постигне својата основна цел: „Во долгата трка, без разлика дали е лага или вистина, луѓето се врзани да се откријат...“

Ликови што се среќаваат Артур Хастингс

Хастингс првпат го запознава Поаро за време на годините кога бил приватен детектив во Европа, речиси веднаш откако тие двајца пристигнуваат во Англија. Тој му станува долгогодишен пријател на Поаро и се појавува во многу од новелите и расказите. Поаро го смета Хастингс за кутар приватен детектив, кој не е многу интелигентен, ама сепак е од помош што на свој начин ќе биде измамен од криминалот и што не знаејќи се сопнува од вистината. Хастингс се жени и има четири деца – двајца синови и две ќерки. Мора исто така што се спомне дека Хастингс е човек кој е многу храбар кога патот ќе се отежне, се соочува со смрт наспрема Големата четворка, а поседува и непоколеблива лојалност наспрема Поаро. Меѓутоа, кога е присилен да избере помеѓу Поаро и својата жена во новелата, тој избира да го предаде Поаро на Големата четворка, за тие да не ја мачат и убијат неговата жена. Сепак подоцна, му кажува на Поаро да ја избегне стапицата. Овие двајца се неразделив тим, додека Хастингс не ја запознае Дулче Дувен, убава артистка, двојно помлада од него, и не се омажи со неа. Подоцна тие се преселуваат во Аргентина, оставајќи го Поаро „мноогу несреќен“. Поаро и Хастингс се обединети во „Завеса“ – последниот случај на Поаро, а порано беа обединети во „Убиствата по азбучен ред“ и „Нем сведок“, кога Хастингс пристигнува во Англија по работа.

Ариадна Оливер

Детективот романописец на Агата Кристи, Ариадна Оливер е хумористична карикатура сама по себе. Како и Агата Кристи, таа не го сака детективството, туку е најпозната по пишувањето – во нејзините случаи се наоѓа финскиот приватен детектив Свен Хјерсон. Никогаш не е спомнат нејзиниот сопруг, но знаеме дека таа мрази алкохол и појавување во јавност и има голема страст кон јаболките. Таа има навика постојано да си ја менува фризурата, а секое нејзино појавување е со убава облека и шапки. Има слугинка по име Марија, која спречува јавното обожавање да и’ биде товар на нејзината господарка, ама не прави ништо за да ја спречи таа да не им биде товар на другите. Има објавено над 56 новели и не сака кога луѓето ги менуваат нејзините ликови во приказната. Таа е и единствената во средината на Поаро што има забележано дека „не е вообичаено пет или шест луѓе да бидат во центар на вниманието коага личност Б е убиена, а сите имаат мотив за да ја убијат личноста Б“. Првпат го запознава Поаро во „Отворени карти“ и оттогаш постојано го задева.

Госпоѓица Лемон

Секретарката на Поаро, госпоѓица Фелисити Лемон има малку човечки слабости. Единствените две грешки што ги има направено се грешка при пишување за време на случувањата на Хикори Дикори Док и погрешно пратена електронска пошта за електрична сметка, иако во нејзина одбрана е што била загрижена за чудните настани, кои ја опкружувале нејзината сестра во тоа време. Поаро неа ја опишува како „неверојатно грда и неверојатно ефикасна. Сè што ќе спомнела како вредно за размислување, обично било вредно за размислување.“ Таа е експерт скоро во сè. Некогаш работела за владиниот агент филантроп Паркер Пјун. Дали е ова за време на некое од бројните повлекувања на Поаро или пред таа да влезе во негова служба не е познато. Во Време за Агата Кристи, таа е одиграна од британската глумица Ангела Истерлинг, додека пак во Поаро на Агата Кристи , од Паулина Морган.

Главен инспектор Јап

Јап е инспектор од Скотланд Јард и се појавува во многу раскази, пробувајќи да ги реши случаите на кои работи Поаро. Јап е дружељубив, бучен и понекогаш безобѕирен човек по природа, а неговиот однос со буржоаскиот Белгијанец е еден од најчудните делови од светот на Поаро. Тој го запознал Поаро во Белгија, 1904 година, за време на војната, а подоцна оваа година се пријавил пак во војската за да се фати криминалец познат како баронот Алтара. Тие се среќаваат и во Англија, каде Поаро често му помага на Јап да реши случај за посебни услуги за возврат, кои најчесто се случаи за кои се интересира Поаро.

Животот на Поаро Семејство и детство мини|Статуа на Поаро во Елезел, Белгија Тешко е да се извлече конкретен заклучок за семејството на Поаро, поради фактот што тој често дава неточни информации за себеси или за неговото минато, за да му помогнат да собере информации што се важни за конкретен случај. Во поглавјето 21 од „Убиството на Роџер Акројд“, читаме дека тој зборува за хендикепиран внук - за да дознае за заводите за рехабилитација.