Пресадување на бубрег или ренална трансплантација — пресадување на здрав бубрег кај пациент кој се наоѓа во крајната фаза на бубрежно заболување. Пресадувањета на бубрези се дели на два дела и тоа во зависност од каде потекнува бубрегот: пресадување на бубрег од починат дарител (мртовечко пресадување на бубрези) и пресадување на бубрег од жив дарител. Пресадоците од жив дарител се одликуваат како генетски поврзани или генетски не-поврзани пресадоци, во зависност од тоа дали постои некаква биолошка врска помеѓу дарителот и примателот. Историја Првото пресадување на бубрег било направено на 17 јуни 1950 година во болницата „Мери“ – Евергрин Парк, Илионис во САД, врз 44 годишната Рут Такер која боледувала од полициклична болест на бубрезите. Иако пресадениот бубрег бил одбиен поради непостоењето на имуно-супресивната терапија во тоа време и ниското ниво на ефективни лекови за полесно прифаќање на бубрегот, останатиот заболениот бубрег на Такер продолжил нормално да си ја извршува својата функција и таа живеела уште 5 години по направеното неуспешно пресадување. Таа починала од болест која немала никаква поврзаност со бубрезите. Во 1954 година во Бостон и Париз биле извршени успешни пресадувања на бубрези. Пресадувањето направено во Бостон била извршена врз идентични близнаци со цел да се отстрани можноста за каква било имунолошка реакција. Во Велика Британија за првпат била извршена пресадување на бубрег во 1960 година во Единбург, од страна на Мајкл Вудраф кој ја направил првата пресадување на бубрег кај идентични близнаци. Пресадување на бубрег од починат дарител за првпат била направена во 1964 година. Благодарение на едноставноста на типот на ткивото и лесниот начин на земање на бубрегот од дарителот и пресадување кај примателот без разлика дали е од жив или починат дарител го прави пресадувањето на бубрег една од наједноставните и најлесните пресадувања на човечки органи која се практикува уште од 1940 година. Типот на ткивото, т.е. компатибилноста на бубрегот од дарителот и бубрегот на примателот е најважниот елемент за една операција да биде успешна. Во 1954 година во Бридхем Хоспитал, д-р Џозеф Е. Мари и д-р Џ.Хартвел Харисон ја направиле првата успешна ренална пресадување врз генетски идентичен пациент со дарителот, благодарение на успешната операција д-р Мари во 1990 година ја добил Нобеловата награда за Медицина. Дарителот е сè уште жив, додека пак примателот починал 8 години по извршената пресадување. Најголемата пречка при пресадувањето на органи помеѓу генетски не-идентични пациенти се наоѓа во имунолошкиот систем на примателот, кој го третира пресадениот бубрег како туѓо тело и како последица на тоа веднаш го отфрла. Поради тоа неопходно е постоењето на лекови кои ќе го потиснат имунолошкиот систем. Меѓутоа потиснувањето на сопствениот имунолошки систем доведува до намалување на имунитетот кај поединецот и постои голем ризик од инфекции, појава на рак (посебно на рак на кожата) како и на голем број на други несакани ефекти од имуно-супресивните лекови. Основните имуно-супресивни режими се засноваат врз преднисолинот и кортикостероидот. Преднисолинот го потиснува имунолошкиот систем, но користењето на истиот во подолг временски период доведува до голем број на несакани реакции, како што се: Дијабетес, губење на тежината, слабеење на мускулите, хистерохолестеромија , остеопороза и формирање на катаракти. Со употреба само на преднисолинот не може да се спречи отфрлањето на пресадениот бубрег за да спречи отфрањето потребни се и други имуно-супресивни лекови кои можат да се употребуваат во помали дози заедно со предниосолинот.

Индикации Предуслов за пресадување на бубрег е крајната фаза од болеста на бубрезите без оглед на примарната причина. Ова се дефинира како раст на гломеруларната стапка на филтрација за 20 до 25% над нормалата. Вообичаени болести кои придонесуваат до крајната фаза од болаеста на бубрезите се злоќудна хипертензија, инфекции, мелитен дијабетес, гломерулонефритис; генетски причини се: полицистична бубрежна болест, вродени мани на метаболизмот и автоимунолошки услови како што се лупус и синдром на правилно држење на телото. Дијабетот е најчеста причина за пресадување на бубрег. Сметајќи просечно 25% од направените пресадувања се во САД. Најголемиот број на пациенти за време на пресадувањето на бубрег одат на некој тип на дијализа - хемодијализа, перитонејална дијализа, или на дијализа слична на процесот на хемофилтрација. Сепак, на личностите со хронично бубрежно пореметување кои имаат најдено соодветен бубрег од жив дарител може да им се изврши отстранување на заболениот бубрег пред дијализата да биде потребна. Контраиндикации и барања Во контраиндикациите се вклучуваат недостатоците како во срецевиот така и во белодробниот систем и болест на црниот дроб. Прекумерното пушење и прекумерната дебелина исто така се вбројуваат во главните индикатори за појавување на контраиндикации кај пациентот и го зголемуваат ризикот од хируршки компликации. Барањата за пресадувањето на бубрези се различни од програма до програма како и од една во друга земја. Многу програми за пресадување на бубрезите ставаат лимит на возраста на лицето (на пример: лицето мора да биде до некоја одредена возраст за да биде дел од списокот на чекање) и бараат лицето да биде во добра здравствена состојба (покрај тоа што има болест на бубрезите). Значајни кардиоваскуларни болести, како и ракот се честопати причина за одбивање на пациентот и неможност да се биде дел од списокот на чекање. Покрај тоа врз кандидатите се вршат голем број тестови кои имаат за цел да утврдат дали тие добро реагираат на лековите кои се од суштинска важност за опстанокот на пресадокот. Лица со ментална болест и /или зависници од лекови можат да бидат исклучени од програмата. ХИВ- вирусот во еден момент се сметаше како целосна контраиндикација на пресадувањето. Се стравуваше дека давањето на имуносупресиви лекови кои драстично го намалуваат имунолошкиот систем ќе резултира со проширување на болеста. Меѓутоа тековните истражувања се противат на претходно споменативе ставови, всушност постојат сознанија дека имуносупресивните и против-вирусните лекови можат значително да го намалат бројот на ХИВ-КД4 клетки и да го спречат акутното одбивање на пресадокот.

Извори на бубрези Бидејќи медицината станува се посовремена и поефикасна дарителите не мораат секогаш да бидат генетски слични со примателите. Повеќето донирани бубрези доаѓаат од починати дарители, но во САД драстично се зголемува и бројот на живи дарители. Во 2006 година дури 47% од донираните бубрези се од живи дарители. Ова статистичка бројка варира од една до друга земја, на пример во Шпанија во текот на 2006 година само 3% од пресадените бубрези потекнуваат од живи дарители. Бубрези со потекло од живи дарители Повеќе од едно во три донирања во Велика Британија во моментот се од жив дарител и едвај едно од три донирања во Израел се исто така од жив дарител. Процентот на пресадоците од живи дарители сè повеќе се зголемува. Потенцијалните дарители внимателно се испитуваат на медицинска, но и на психолошка основа. Со ова се утврдува дали дарителот е подготвен за пресадување и дека не е носител на некоја болест која би можела да придонесе за несакани ефекти или несакан исход како за дарителот така и за примателот. Психолошката процена се прави со цел да се докаже дека дарителот е психички свесен, своевелно и без никаква принуда сам одлучил да го даде својот бубрег за пресадување. Во земјите каде што трговијата со органи е незаконска, властите можат да побараат докази дека пресадениот бубрег не е купен на црниот пазар за органи и за да се дојде до тој бубрег не е направено ништо незаконско. Во 2004 година, во Велика Британија со донесувањето на Актот за Човечкото ткиво било објавено дека дарителите мораат преку фотографии од нив, нивното семејство и пријателите да покажат дали токму тој дарител одговара на профилот–дарител. Донирањето од странство беше прифатено од овластените лица на Хјуман Тишу (Human tissuе), но од декември 2007 година само на 4 лица од странство им беше дозволено да донираат бубрег, и тоа под надзор на овластените лица на Хјуман Тишу. Сепак одлуката за донирање на бубрег од странски дарител мора да биде одобрена од Комисија, додека пак донирањето на бубрег од блиско лице (од семејството, пријател), не мора да се одобрува и тоа се врши веднаш. Постојат сигурни докази дека донирањето на бубрезите не влијае штетно врз здравјето на дарителот. Традиционално, постапката за донирање на бубрег се прави со едноставно засекување од 10 до 18 см, но повеќето операции се вршат со помош на лапароскопската хирургија. Со помош на неа се намалува болката, се забрзува процесот на заздравување на дарителот а времето на операцијата и компликациите значително се намалени. Пресадените бубрези кои потекнуваат од живи дарители подобро ги извршуваат своите функции отколку оние кои се земат од починат дарител. Со порастот на употребата на лапроскопската хирургија се зголемува и бројот на живи дарители. Намалената болка, брзата и безбедна операција како и брзото закрепнување придонесуваат бројот на живи дарители значително да се зголеми. Во јануари 2009 година во медицинскиот центар Сент Банабас била изведена првата пресадување на бубрези со 2 инчно засекување со помош на робот. Тимот кој ја извршил истата операција извршил уште 8 други успешни пресадувања со помош на робот во период од 6 месеци. Во 2004 година ФДА ја одобри Cedars-Sinai High Doses IVIG терапијата која ја намалува потребата да живиот дарител има иста крвна група (компатибилност на АВО крвните групи) дури и да нема совпаѓање на ткивата на примателот и дарителот.Терапијата ја намалува можноста на отфрлање на пресадените бубрези од страна на имунолошкиот систем кај многу чувстителните пациенти. Во 2009 година во медицинскиот центар Џонас Хопкинс, здрав бубрег беше отстранет преку вагината на дарителот. Вагиналното донирање се одликува со забрзано заздравување и го намалува стравот на дарителот. Првиот дарител што беше избран претходно имал направено хистероктомија. Извлекувањето на бубрегот било извршено со помош на ендоскопска операција каде што ендоскопот се внесува преку отворот и внатрешно се засекува, така што не постои надворешна лузна. Трговија со човечки органи Во светот постојат луѓе кои ги продаваат своите органи за определена сума пари. Најчесто тоа се луѓе кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба или луѓе кои се експлоатирани од трговците со органи. Луѓето кои имаат потреба од пресадување честопати патуваат за да пронајдат компатибилен бубрег, но меѓутоа тие не се поддржувани од организациите како Американската Национална Фондација за бубрези. Овие пациенти го зголемуваат ризикот за настанување на компликации поради неможноста да се заштитат од инфекции и лошите медицински и хируршки услови за време на операцијата. Еден хирург предложил легализирање на трговијата со органи во Велика Британија за да се спречи ваквиот тип на "туризам" но ова не е прифатено од страна на Државниот фонд за истражување на бубрези, поради постоењето на дефицит од дарители. Починати дарители Починатите дарители можат да се поделат во две групи: Дарители кај кои мозокот ја изгубил функцијата (BD) Дарители починати поради болест на срцето (DCD)