Инвазијата на Корзика се одвила во 1553 година од страна на сојузничките сили на Османликсата империја и Франција. Војната резултирала со заземање на островот од страна на Република Џенова.Naval Policy and Strategy in the Mediterranean: Past, Present, and Future, John B. Hattendorf, p. 17 . Островот имал значително стратешко значење во западниот дел на Средоземјето, претставувајќи го центарот на комуникација на Хабсбуршката мрежа помеѓу денешна Шпанија и Италија. Заземањето на островот било од огромно значење за ФранцијаThe Cambridge History of Islam, p. 328, која го окупирала а по ова и го зазела под своја контрола.The Mediterranean and the Mediterranean world in the age of Philip II by Fernand Braudel p.929ff.
Заднина
Францускиот крал Анри II влегол во голема војна со Хабсбуршкиот императорот Карло V во 1551, започнувајќи ја т.н. италијанска војна 1551-1559. Барајќи сојузници, Анри II ја продолжил политиката на својот татко Франсоа I, кој претходно имал потпишено договор со Османлиското Царство, односно со Сулејман I, за заедничка соработка во борбата против монархијатаMiller, p.2. Претходно сојузничките сили го зазеле островот Понца. На 1 февруари 1553 година бил потпишан нов француско-османлиски договор, кој вклучувал повторно заедничка поморска битка против Хабсбуршката монархија.History of the Ottoman Empire and Modern Turkey, Ezel Kural Shaw, p. 106 .
Летна кампања (1553)
Османлиските адмирали Тургут и Синан, заедно со француските сили извршиле инвазија по бреговите на Неапол, Сицилија, Елба, а потоа КорзикаNew Turkes: Dramatizing Islam and the Ottomans in Early Modern England, Matthew Dimmock, p. 49 . Во тоа време, островот припаѓал на Република Џенова. Сојузот помеѓу Франција и Османликсата империја исто така бил подпомогнат и од страна на прогонетите жители на островот од страна на републиката. Инвазијата била извршена со претходно одобрение на францускиот крал.. Кон крајот на летото островот бил целосно заземан.. По ова, само околу 5.000 војници останале на островот, бидејќи Французите се повлекле кон Марсеј.
Противнапад на Џенова
По заземањето на островот, во ноември започнале преговори помеѓу Анри II и републиката. Но, истите биле прекинати кога републиката испратила околу 15.000 војници предводени од Андреа Дорија за повторно да го заземат островот. Една османлиска флота која се наоѓала во Средоземно Море нма чело со Драгут не успеала да престигне на време, па затоа од Неапол заминала кон Цариград.
Француско-турските операции (1555)
Во следните години следувала француската интервенција. Франција успеала да зазеде голем дел од крајбрежните градови, но не целосно. Османлиската флота била зафатена околу започнувањето на т.н. Отоманско-персиска војна (1532–1555). Поради ова, следувала и опсадата на Бастија од страна на републиката. Француско-османлискиот воен сојуз се вели дека го достигнал својот врв околу 1553 година .
Наводи
Категорија:Воени походи на Франција Категорија:Воени походи на Османлиското Царство Категорија:Судири во 1553 година Категорија:Европа во 1553 година Категорија:Отоманското Царство во 16 век Категорија:Историја на Корзика Категорија:Италијански војни Категорија:Битки во Османлиско-хабсбуршките војни Категорија:Битки на Џенова