За други значења на поимот Извор, видете на појаснителната страница мини|300п|десно|Поглед на рудникот

Рудник „Извор“ — рудник на талк, кој се наоѓа околу 25 километри јужно од градот Велес, во атарот на селото Извор.

Местоположба

Рудникот се наоѓа јужно од селото Извор, сместен покрај регионалниот пат 1312.

Опис

Оруднувањето се јавува по должината на главната тектонска руптура во тесен издолжен појас од околу 3–4 километри, широк околу 150 метри на контактот Вардарска зона и Пелагонискиот хорст антиклинориум. Оруднувањето се јавува на повеќе места, има слоевита форма со различна должина на протегање и дебелина до 5 метри. Просторно талкот се наоѓа во талкшистите.

Хемискиот состав на рудата е: SiO2 43%, Al2O3 13,6%, MgO 18–23% и Fe2O3 7,46%. Рудните резерви се околу 100.000 тони, а најголемиот дел е експлоатиран за потребите на фабриката за талк „Димче Мирчев“ во Велес. Генетски наоѓалиштето е од контактно-метаморфен тип.Милорад Стојановиќ, Наоѓалишта на неметални минерални суровини во Македонија, Скопје, 2005

Поврзано Талк Извор

Наводи

Категорија:Рудници во Македонија Категорија:Извор (Велешко)