За други значења на поимот Илинден видете на појаснителната страница Илинден е друштво на македонски доселеници во државата Мичиген од селото Рогачево, Тетовско (само во Детроит има триесетина семејства). Основано е во 1979 година во Детроит. Друштвото го слави верскиот и национален празник Илинден и селската слава Свети Спас во село Рогачево.

Наводи

Категорија:Рогачево Категорија:Македонски иселенички друштва во САД Категорија:Детроит