Опсадата на Трново се одвила во пролетта на 1393 година помеѓу Османлиското Царство и Бугарија. Битката резултирала со заземање на градот од страна на Османлиите. Со падот на престолнината, територијата на Трновското царство се ограничила на само неколку тврдини по Дунав.
Трново како престолнина на Второто Бугарско Царство бил најголем град во државата. Освен тоа, тој бил и економски најразвиен град. Во пролетта на 1393 година, Бајазит I му наредил на својот син Челеби, да поведе воен поход за освојување на престолнината на Бугарија. По престигнувањето пред портите на градот, тој бил обиколен од своите четири страни. Османлиите наредиле на бранителите на градот да се предадат. Сепак, населението не се согласило со ова, по кое започнале нападите.
По тримесечната војна и опсада, градот бил предаден. Црквата “Воскресение Христово“ била претворена во џамија, а останатите биле срушени до темел. Голем дел од месното население било или убиено или продадено како робови.
Категорија:Историја на Велико Трново Категорија:Битки на Второто Бугарско Царство Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Опсади на Отоманското Царство Категорија:Османлиско-бугарски војни Категорија:Европа во 1393 година Категорија:Судири во 1393 година Категорија:Отоманското Царство во 14 век Категорија:Бугарија во 14 век Категорија:Битки на Бајазит I