Јасен — природен резерват во северозападна Македонија прогласен во 1958 година, најпрвин само на планината Караџица, а во 1960 година е проширен и на Сува Гора. Опфатен е целиот кањон на реката Треска. Резерватот зафаќа површина од 24.000 ха. Највисока точка е врвот Караџица (2.473 м). Геолошката подлога е доломит со тенки слоеви од лискун. На теренот е вештачкото езеро Козјак и повремено тече реката понорница Оча и нема други води. Од флората се заштитени Viola koshaninii, Thymus oehmianus, Dianthus kapinensis и др. Од животните има дива коза, мечка, рис и др., а од птиците – лештарка (Tetrastes bonasia), белоглав мршојадец (Gyps fulvus), був (Bubo bubo) и др.

Резерватот Јасен покрива околу 32.000 квадратни метри површина најчесто со шума и патишта, како и голем број на пократки неасфалтирани патeки. Освен од лов, Јасен својата иднина ja гледа во развојот на природните ресурси и на екотуризмот. Главни активности (во зависност од сезоната) се пешачење, планински велосипедизам, кампување покрај езерата Матка и Козјак, параглајдерство, риболов, спелеологија, алпинизам.

Галерија

Поврзано Јакупица Езеро Козјак

Наводи

Надворешни врски

Матична страница на резерватот „Јасен“ Резерватот Јасен — животен проект за генерации на невработени археолози Напис за резерватот Јасен — National Geographic

Категорија:Природни резервати во Македонија Категорија:Сува Гора Категорија:Караџица Категорија:Треска