Руско-турската војна (1828-1829) претставува дел од Грчката војна за независност. Војната од страна на Османлиското Царство била објавена во декември 1827 година, прогласувајќи света војна против Руската Империја. Војната се водела на два фронта, на Балканот и Кавказ.
Позадина Во 1821 година, Грците започнале востание против османската власт, барајќи независност. Русија, како заштитник на православните христијани во Османската Империја, имала интерес да го поддржи ова движење. Востанието создало дипломатски и воени тензии, особено по интервенцијата на европските сили (Русија, Велика Британија и Франција) во Битката кај Наварино (1827), каде османската флота била уништена.
Руската Империја, предводена од цар Николај I, сакала да го прошири своето влијание на Балканот и во регионот на Кавказот. Ослабувањето на Османската Империја било стратешка цел за Русија, која сакала да обезбеди контрола над Црното Море и пристап до Цариград и Дарданелите.
Во 1826 год. Русија и Османската Империја потпишале договор во Акерман, со кој Османлиите се обврзале да им дадат автономија на Дунавските кнежевства (Молдавија и Влашка) и да ги почитуваат руските интереси во регионот. Откако султан Махмуд II го отфрлил договорот, Русија добила повод за војна. Европските сили, особено Велика Британија и Франција, биле загрижени за руското влијание, но истовремено поддржувале ограничена автономија за Грција. Ова создало сложена дипломатска ситуација, во која Русија видела можност да дејствува самостојно.
Балкански фронт мини|лево|Преминувањето на руската војска низ Балкан планина Воените дејства започнале во 1828 година кога руската армија со околу 100.000 војници ја преминала Добруџа и ги опседнала градовите Шумен, Варна и Силистра. Кон крајот на септември, Русите ја зазеле Варна.
Во 1829 година, руските сили, предводени од генералот Иван Дибич, започнале нова офанзива. Тие ја зазеле Силистра и продолжиле кон југ, заземајќи ги градовите Бургас и Јамбол. Одлучувачка била Битката кај Кулевча (јуни 1829), каде руските сили постигнале голема победа над османската армија. Ова овозможило напредување кон Одрин, кој паднал во август 1829 година.
Кавкаски фронт На Кавкаскиот фронт, руските сили, предводени од генералот Иван Паскевич, постигнале значителни успеси. Тие ги зазеле градовите Карс, Ахалцихе и Ерзурум, проширувајќи го руското влијание во регионот.
Османските сили биле слабо организирани на овој фронт, што им овозможило на Русите да постигнат брзи победи.
Одрински договор мини|Московската триумфална капија изградена во чест на победата во руско-турската војна Војната завршила со потпишување на договор во Едрене според кој: Грција добила независност, но била задолжена да плаќа данок на султанот (во 1830 година била ослободена од данок и прогласила независност) биле потврдени руските граници по текот на Дунав и Кавказ Србија, Влашка и Молдавија добиле автономија бил даден рок на 18 месеци според кој христијаните во Османлиската импетија имале право да ги продадат своите имоти и да се преселат во Русија.
Категорија:Судири во 1828 година Категорија:Судири во 1829 година Категорија:Европа во 1828 година Категорија:Европа во 1829 година Категорија:Руско-турски војни Категорија:Отоманското Царство во 19 век Категорија:Историја на Бугарија Категорија:Историја на Романија Категорија:Војни на Франција Категорија:Војни на Обединетото Кралство Категорија:Војни на Отоманското Царство