Битката кај Карс се одвила на 17 ноември 1877 година помеѓу силите на Руската Империја и Отоманското Царство. Битката е дел од Руско-турската војна од 1877-1878 година. Во оваа битка, Русите издвојувале одлучувачка и многу значајна победа над Османлиите. мини|Карс во 1878 година Претходно, во јуни 1877 година руските сили се обидиле да го опседнат Карс, но тие биле поразени. Во ноември, рускиот командант на Кавказ, Михаил Лорис-Меликов побарал од османлиските власти да го предадат градот, но истиот бил одбиен. Така, нападот се случил на 17 ноември 1877 година. на чело на османлиските сили се наоѓал Хусеин Паша. По само неколку часови од битката, Османлиите биле поразени.

По потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор, градот станал дел од Руската Империја. По потпишувањето на Брест-Литовскиот мировен договор, градот повторно бил вратен на Турција.

Категорија:Битки во Руско-турската војна (1877–1878) Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Отоманското Царство во 19 век Категорија:Судири во 1877 година Категорија:Европа во 1877 година