Секешфехервар (унгарски: Székesfehérvár; српски: Стони Београд) — град во централна Унгарија, сместен околу 65 км југозападно од Будимпешта. Бројот на населението во градот изнесува околу 97,000 луѓе во 2014, со 136,995 во подрегионот Секешфехервар. Градот е административен центар на округот Фејер како и регионален центар на централна Трансданубиа. Во средниот век градот претставувал кралскса резиденција и бил еден од најважните унгарски градови. Во овој град 37 кралеви на Унгарија и 39 кралици биле крунисани, 15 владетели биле погребани, како и кралскиот накит бил чуван овде.
Население
Етнички групи
Според пописот од 2001 во градот живеат следните етнички групи: Унгарци - 95.7% Германци - 0.8% Роми - 0.5% Други - 0.5% Без одговор - 2.4%
Религија
Според пописот од 2001 во градот се присутни следните религии: Римски Католицизам - 53.8% Калвинизам - 12.1% Лутеранство - 1.9% Гркокатолицизам - 0.5% останати (христијански) - 1% останати (нехристијански) - 0.2% атеисти - 19.7% без одговор, непознато - 10.7%
Галерија
Надворешни врски
Официјално мрежно место Воздушна фотографија: Секешфехервар
Категорија:Градови во Унгарија Категорија:Населени места основани во 10 век