Знамето на Франција (француски: drapeau tricolore, drapeau français или les couleurs) е официјалното знаме на оваа европска држава. Знамето е познато како француски триколор или само како триколор. Знамето е составено од три еднакви вертикални ленти во сина, бела и црвена боја.

Дизајн Scheme Сина Бела Црвена Pantone Рефлексивна сина Safe Црвена 032 CMYK 100.70.0.5 0.0.0.0 0.90.86.0 RGB (0,85,164) (255,255,255) (250,60,50) HTML #0055A4 #FFFFFF #EF4135 СПБ S 2565 R80B н/п S 0580 Y80R

Симболизам Сината и црвена боја се традиционални бои на Париз кои и денес се користат на парискиот грб. Сината се поврзува со Свети Мартин Турски, додека црвената со свети Дионисиј. Белата боја се сметала за традиционална француска боја и била нарекувана „античка француска боја“. Белата боја била додадена на револуционерните бои (црвена и сина) и се создал триколорот.

Француските училишта ги учат децата дека секоја боја претставува слој од стариот режим: белата е симболизам за свештеништвото, црвената за благородниците и сината за буржуазијата.

Наводи

Додатни информации Flags Through the Ages and Across the World, Smith, Whitney, McGraw-Hill Book Co. Ltd, England, 1975. ISBN 0-07-059093-1.

Поврзано Грб на Франција Франција

Надворешни врски

Кралство Франција (843?-1792) Cyber-flag

Категорија:Национални симболи на Франција