Portable Document Format (PDF) (прев. Преносен формат за документи) — податотечен формат создаден од страна на Adobe Systems во 1993 за размена на документи. Adobe PDF се користи за претставување на дводимензионални документи на начин независен од софтверот, хардверот и оперативниот систем.Adobe Systems Incorporated, PDF Reference, Sixth edition, version 1.23 (30 MB), p. 33. Секоја Adobe PDF податотека содржи целосен опис на неменливиот 2Д документ што подразбира текст, фонтови, слики и 2Д векторска графика. Во последно време може да се додаваат и 3Д слики во PDF документи со U3D или PRC и разни други формати.

Соосновачот на Adobe Systems, Џон Ворнок направил систем наречен „Camelot“ (Камелот), кој се развил во форматот Portable Document Format (PDF).

Порано бил неслободен формат, но на 1 јули 2008, PDF беше официјално пуштен како отворен стандард и издаден од Меѓународната организација за стандардизација како ISO/IEC 32000-1:2008.; Последното издание како ISO 32000-2:2020 беше објавено во декември 2020 година.

Технички детали PDF се заснова на јазикот PostScript. Една PDF-датотека најчесто претставува комбинација од векторска графика, текст и растерска графика (битмапи). Основните видови содржина во PDF се:

Сложен текст зачуван како текови на содржина (т.е. не е кодиран како обичен текст); Векторска графика за илустрации и дизајни кои се состојат од облици и линии; Растерска графика за фотографии и други видови слики; Останати мултимедијални објекти.

Во подоцнежните ревизии на форматот, PDF-документите поддржуваат и врски (внатре во документот или до веб-страници), формулари, JavaScript (првично достапен како додаток за Acrobat 3.0) или кои било други видови вградени содржини што можат да се обработат преку приклучоци (plug-ins).

PDF комбинира три технологии: еквивалентен подмножество од програмскиот јазик за опис на страници PostScript, но во декларативна форма, за генерирање на изгледот (распоредот) и графиката. Систем за вградување/замена на фонтови, што овозможува фонтовите да се пренесуваат заедно со документите. Систем за структурирано складирање за обединување на овие елементи и секоја поврзана содржина во една датотека, со соодветно компресирање на податоците.

Наводи

Надворешни врски Adobe PDF 101: Краток преглед на PDF

Категорија:Adobe Systems Категорија:Векторска графика Категорија:Графички податотечни формати Категорија:Отворени формати Категорија:Електронски документи Категорија:ISO-стандарди Категорија:IEC стандарди