За во минатото посебниот град, денеска дел од Будимпешта видете Пешта.
ПештаPest megye100п|Грб на округот250пРегион Централна УнгаријаАдминистративен центар БудимпештаПовршина 6.393,14 км2Население 1.195.020 (2008)Густина на населението 168 /км²Број на населени места187Мрежно местоwww.pestmegye.hu
Округот Пешта (унгарски: Pest megye) е еден од 19-те окрузи на Унгарија, сместен во централниот дел на земјата. Зафаќа површина од 6393.14km2, а бројот на населението изнесува 1,213,090, според податоците од 2009. Го опкружува главниот град Будимпешта, како и повеќе од населението (65.2%/790,995 во 2009) живее во населбите на Будимпешта. Границите ги дели со Словачка и унгарските окрузи: Ноград, Хевеш, Јас-Наѓкун-Солнок, Бач-Кишкун, Фејер и Комаром-Естергом. Реката Дунав тече низ округот. Главен град на округот е Будимпешта, кој е административно одделен.
Историја
Денешниот округ Пешта бил формиран после Втората светска војна, кога поранешниот округ Пешта-Пилис-Солт-Кискун бил поделен на два дела (другиот дел денеска се наоѓа во округот Бач-Кишкун). Пешта како округ исто така постоела и во раните денови на Кралството Унгарија (11 век). Територијата на поранешниот округ со исто име приближно го зафаќал североисточниот дел на денешниот округ Пешта. Бил споен со округот Пилис пред 15-от век.
Население
Вака изгледа историскиот развиток на населението во округот Пешта, почнувајќи од 1870 година:
ГодинаНаселение 1870 330,089 1880 353,851 1890 395,142 1900 450,136 1910 524,320 1920 571,753 1930 633,257 1941 682,696 1949 686,953 1960 781,505 1970 878,644 1980 973,830 1990 949,842 2001 1,083,877 2009 1,213,290
Етнички групи Население по националност според пописот од 2001 година.: Унгарци - 93.5% Германци - 1.7% Роми - 1.2% Словаци - 0.8% Други - 0.5% Без одговор (непознато) - - 2.3%
Религии Население според деноминации: Римокатолици - 53% Калвинисти - 16% лутеранци - 3.8% Гркокатолици - 1.2% Атеисти - 347,209 (19.5%) Други (Христијани) - 1.3% Други (не-Христијани) - 0.2% Без одговор (непознато) - 12.5%
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Врски за округот Туристички информации Карта на Пешта Портал Попис од 2007
Категорија:Окрузи во Унгарија