Подемот на Отоманското Царство (1299-1453) се однесува на периодот кој започнал со слабеење на Селџучкиот Султанат кон почетокот на 14 век, а завршил со пропаѓањето на Византиското Царство по падот на Цариград во 1453 година. Создавањето на империјата било во момент кога било распаднато старото Римско Царство. Голем дел од териториите на Римското Царство биле освоени од страна на Османлиското Царство. Така, наместо христијанската државна религија, на нејзино место била воведена муслиманската.

Заднина

Првиот период од османлиската историја го наметнува прашањето како едно мало погранично кнежевство на Осман со идеја за света војна против Византија се развила во една голема империја. Според една теорија се смета дека грчкото население околу Мраморниот регион го примил исламот и влегол во составот на муслиманската држава. Сепак, според поголемиот дел од историчарите сметаат дека корените на Османлиите треба да се бараат во политичката, културната и демографската политика на Анадолија во текот на 13 век.

Првата етапа од овие настани биле со монголските освојувања на муслиманскиот Близок Исток во текот на 13 век. По победата на Монголците во Битката кај Ќосе Даг во 1243 година, Султанатот на Селџуците во Анадолија станал вазална држава на Илханат кое ханство било дел од Монголското Царство. Како последица од оваа монголска инвазија започнала туркменска миграција кон западните делови на Азија.

По потекло од Средна Азија, овие племиња најпрвин се доселиле во Персија и источна Анадолија, а по ова продолжиле кон западот населувајќи се по должината на границата меѓу Византија и Селџучкиот султанат во планинските предели на Западна Анадолија. Во 1271 година во султанатот избувнала граѓанска војна каде муслиманските мамелуци навлегле длабоко во Анадолија за да помогнат да се задуши востанието. По крајот на востанието овие војници објавиле света војна на христијаните односно на Византија. Во периодот од 1260 до 1320 година водачите започнале со основање на свои независни кнежевства. Византија, која Цариград си го вратила во 1261 година не била многу загрижена за својата западна граница бидејќи биле зафатени со Балканот. Од сите овие територии, Осман владеел во северниот дел и бил најблиску до Византија

Почетокот на создавањето на Османлиското Царство се одликува со постојани Отоманско-византиски војни кои траеле околу 1,5 век. Во текот на тој период, Османлиите ја презеле контролата врз Анадолија и Балканот. Овој период од историјата на Османлиското Царство според поголем дел од историчарите завршува по заземањето на Цариград во 1453 година. По крајот на овој период во Османлиското Царство следува период познат како раст на империјата кој траел од 1453 до 1683 година.

Потеклото на Отоманците може да се проследи назад во 11 век, кога на територијата на Анадолија опстојувале неколку мали муслимански емирати со туркиско потекло. Главната цел на овие т.н. Анадолски бејлици била да ги одбранат своите територии од страна на Византија. Во текот на тој период, во освоените земји во Анадолија се населеле голем број на туркиски народи. Меѓутоа, во 1073 година и победата на Селџучкото Царство во Битката кај Манцикерт, овие анадолски Бејлици добиле можност да прогласат своја независност од Селџуците.

И покрај тоа што Византија продололжила да опстојува на овие простори, сепак нејзините територии значително започнале да се намалуваат. Крстоносните војни и задале голем удар на Византија, бидејќи таа привремено престанала да постои по заземањето на Цариград од страна на Латинското Царство. Битката кај Манцикерт го означил почетокот на византиското истиснување од Анадолија. Од друга страна пак и муслиманите имале свои проблеми. Тие најмногу се појавиле помеѓу Селџуците и Фатимидите кои владееле во Египет и Сирија. Овие проблеми најмногу биле искористени од анадолските бејлици, кои успеале да се обединат во едно кнежевство.

Меѓу овие помали кнежевства било е кнежевството со престолнина во Согут. Тоа било предводено од страна на Ертугрул. Кога во 1281 година починал, неговиот син Осман станал негов наследник. Многу бргу по ова, новиот водич се прогласил за султан и основал нова династија, наречена според него Османлиска династија. Така, Осман станал првиот владетел на Османлиското Царство во 1299 година.

Осман I thumb|right|300px|Приближна територија под власта на Осман.

Владеењето на Осман го означува официјалниот почеток на владеењето на династијата на Османлиите во Османлиското Царство, која постоела шест векови. Во 1265 година, византискиот град Согут бил заземан од страна на Осман бег. По падот на Согут, териториите на Осман започнале да се прошируваат на сметка на Византија. Во исто време, Осман успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Кон почетокот на 13 век, Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини.

Така бил заземан Јенишехир, а по ова паднала Бурса и Никеја (Изник), најголемиот византиски град во Анадолија. Бурса паднала во 1326 година, непосредно пред смртта на Осман. Поврзано: Битка кај Бафеј, Опсада на Бурса

Орхан I

Наследник на Осман станал неговиот син Орхан I. Тој продолжил со проширување на своите територии на сметка на Византија. Така во 1331 година паднала Никеја, а во 1337 паднала Никомедија. Бурса станала новата престолнина на султанатот. Во негово време, земјата започнала да се организира како држава во која биле пуштени односно изработени првите ковани пари, била направена модернизирана војска и слично.

Орхан се оженил за Теодора, ќерка на византискиот принц Јован VI Кантакузин. Во 1346 година Орхан отворено го поддржал Јован VI во симнувањето од престолот на Јован V Палеолог. Кога тој дошол на престолот, на Османлиите им било дозволено да го окупираат напуштениот полуостров Галиполе. Во следната деценија, Османлиите започнале колонизација на Тракија со муслиманско население. Сепак, византискиот цар бил принуден да потпише договор со Орхан, според кој Византија ја признала загубата на Тракија. Поврзано Битка кај Пелеканон, Опсада на Никеја, Опсада на Никомедија

Мурат I

Првата поголема офанзива на новиот султан Мурат I била во 1365 година во Битката кај Одрин. Одрин (Адријанопол) бил најважниот византиски воен, административен и економски центар во Тракија. Византиската армија повторно доживеала пораз, со кое бил ставен почетокот на османлиското присуство на Балканот и Европа. Веднаш по битката, престолнината на Османлиите била пренесена од Бурса во Одрин. Ова преместување на престолнината на Османлиите им овозможило место при идните напади на балканските земји.

Откако Едрене станал престолнина на Османлиите, започнал стравот кај балканските држави од можното нивно пропаѓање односно потпаѓање под османлиска власт. Многу бргу Византија започнала да ги губи своите територии, со исклучок на престолнината Цариград и околината, Солун и Пелопонез. Во 1354 година Османлиите ги поминале Дарданелите. Ова бил голем момент од нивното напредување по морски пат, бидејќи во голема мера го ограничиле поморскиот пат кон Цариград, остварувајќи значајни победи против Венецијанската Република. Поради немање на ресурси станало јасно дека престолнината Цариград било прашање на време кога ќе падне во рацете на Османлиите.

Бугарската империја во времето на Јован Александар започнала да опаѓа. Јован Александар (1331-1371) успеал да ја прошири земјата на југ. Најпрвин, Османлиите на полуостровот навлегле во помали дружини на кој им било плаќано за да се борат. Во 1352 година, Османлиите ја зазеле првата тврдина на полуостровот, Цимпе. По крајот на неговото владеење Второто Бугарско Царство се разделило на Видинско царство управувано од Иван Страцимир, Трновско царство управувано од Иван Шишман и Добруџанско деспотство управувано од страна на Добротица.

Отоманската инвазија на Балканскиот Полуостров ја почувствувала и Србија. Српската империја во времето на царот Стефан Душан била најсилната феудална држава во околината. По смртта на Душан во 1355 година, тој бил наследен од страна на Урош, а српската држава започнала да слабее.

Во Македонија владееле неколку мали кралства и кнежевства. Волкашин успеал да го основа Прилепското Кралство. На територијата на денешна Црна Гора била создадена Зета, во 1355 година. Зета била под власта на династија Балшичи.

Галиполе

Повторното заземање на Галиполе претставува успешен обид на Амадеус VII, Гроф од Савоја во заземањето на Галиполе од страна на Османлиите, кои пак Галиполе го држиле од 1354 година, по катастрофалниот земјотрес. Од 1354 година, година кога за првпат Турците ги преминале Дарданелите, започнал период на населнување на муслиманко население во освоените или окупираните села и градови. Галиполе бил стратешки важен центар за христијните, бидејќи Османлиите веќе се движеле во внатрешноста на Тракија. Сепак, во 1377 година Галиполе повтоно бил заземен од Турците.

Маричка битка

Маричката битка позната и како Черноменска битка, се одиграла на реката Марица близу до селото Черномен (денес Орменио во Грција) на 26 септември 1371 помеѓу Отоманската војска предводена од Лала Шахин Паша и македонската војска на Волкашин Мрњавчевиќ и неговиот брат, деспотот Јован Углеша.

Деспотот Углеша сакал да ги нападнат Турците ненадејно во нивното упориште Едрене, додека султанот Мурат I бил во Мала Азија. Отоманската војска била многу помала македонската која броела околу 70.000, но благодарение на тактиката со ноќен напад врз кампот на противниците, успеале да ја поразат христијанската војска и да ги убијат кралот Волкашин и брат му Углеша.

Со ова, Македонија и делови од јужна Србија потпаднале под Отоманска власт. Битката била дел од напредувањето на Отоманците во освојувањето на Балканот. Синот на Волкашин, Крале Марко, го наследил татка си на престолот на Прилепското Кралство, но сега како вазал на Турците. Бугарија исто така останала во вазалска статус.

Филаделфија

Во Македонија, владеењето на кралот Марко се соочувало со постојани притисоци, како од страна на српските големци, така и од страна на Османлиите. Набргу по доаѓањето му на престолот, неколку територии му биле одземени од кнезот Лазар, Никола Алтомановиќ, Балша и Отоманците. Тоа било време кога голем дел од балканските владетели склучувале мир со Османлиите, станувајќи нивни вазали. Така и Марко ја признал врховната власт на Мурат I, се обврзал да му плаќа данок и да служи на турската војска во нејзините воени походи.

Во следните години битките помеѓу Османлиите и балканските народи продолжиле. Од позначајните, следувале Битката кај Дубравница, Битката кај Саврово поле, Битката кај Плочник и Билеча. Отоманците во поголем дел од овие битки доживувале порази.

Косовска битка

Косовска битка е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии на 28 јуни 1389 година. Битката завршува со катастрофален пораз на српската војска. Според голем дел од историчарите, Косовската битка е една од најзначајните победи на империјата.Battle of Kosovo, Encyclopedia BritannicaHistorical Dictionary Of Kosova By Robert Elsie, pg.95The Encyclopedia of World History: Ancient, Medieval, and Modern, Chronologically Arranged By Peter N. Stearns, William Leonard Langer, pg. 125Global Terrorism By James M Lutz, Brenda J Lutz, pg. 103 Последиците, како за Србија, така и за непосредното соседство биле лоши: самата косовска област била ставена под непосредна војничка управа на Османлиите и заедно со скопската околина станале база за понатамошни нивни воени дејствија против Босна, Зета и непокорениот дел од Србија. Српското благородништво кое ја преживеало битката било принудено своите територии да ги стави во вазален однос кон Османлиите и да им плаќа данок. Со победата во Косовската битка, Османлиската држава го разбила единствениот доволно моќен соперник на Балканот во тоа време. Но и на самата османлиска војска ѝ требало време да закрепи од битката.