Знамето на Јамајка е официјалното знаме на оваа карипска држава усвоено на 6 август 1962 година. Знамето е составено од две дијагонални златни ленти кои се спојуваат во средината на знамето. Лентите го делат знамето на четири еднакви дела од кои горниот и долниот дел се во зелена боја, додека левиот и десен дел во црна боја. Ова знаме било добиено како резултат на национален конкурс за избор на државно знаме, но за разлика од денешната верзија, првичната верзија била со хоризонтални еднакви ленти. Ова знаме користи пан-африканско бои.
Други знамиња
Поврзано Јамајка Грб на Јамајка
Наводи Знамето на Јамајка на страната на владата. enchantedlearning.com
Надворешни врски
Категорија:Национални симболи на Јамајка Јамајка