thumb|200px|right|Знаме на Панама. thumb|200px|right|23x15px Реконструкција на дизајнот Бунау Варилја.
Знамето на Панама е официјалното знаме на државата кое е создадено од страна на Марија Оса де Амадор на 1 ноември 1903.Gaceta Oficial No. 4601 25 март 1925 (http://www.asamblea.gob.pa/APPS/LEGISPAN/PDF_NORMAS/1920/1925/1925_097_0722.PDF ). Знамето на Панама се прославува на 5 ноември, еден ден после Денот на независноста.
Знамето е составено од четири еднакви квадрати, два во бела боја, долниот лев во сина боја и горниот десен во црвена боја. Во горниот лев и долниот десен квадрат се наоѓаат две ѕвезди во сина и црвена боја. Белата боја симболизира мир, додека сината и црвената боја ги симболизираат најголемите политички партии во Панама во тоа време. Црвената боја ја симболизира либералната партија, додека сината конзервативната партија.(Flags of the World, published DK Publishing, 1997) Првиот предлог за знаме на Панама е од 1823 година кое се состоело од 7 хоризонтални ленти во црвена и жолта боја. Во горниот лев агол имало син квадрат на кој имало приказ на две златни поврзани сонца што го претставувале Панамскиот Канал (линијата) и Северна Америка и Јужна Америка (сонцата). Ова се однесувало на географската позиција на Панама како конектор на двата континента, додека боите биле инспирирани од шпанското и колумбиското знаме, додека линиите од американското.Mellander, Gustavo A. (1971) The United States in Panamanian Politics: The Intriguing Formative Years Danville, Ill.: Interstate Publishers, OCLC 138568
Наводи
Поврзано Панама Грб на Панама
Категорија:Национални симболи на Панама Панама Панама