Револуционерниот лист () излегувал во Солун во периодот од 12 август 1904 до 16 декември 1906 година и бил официјален орган на Македонската револуционерна организација,Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003. а подоцна станува неофицијално гласило на Јане Сандански и неговите приврзаници.
Најпрво, уредничката позиција му е понудена на Пејо Јаворов, но тој, поради несогласувањата со Јане Сандански, ја одбива понудата.znam.bg Од 1904 година уредник е Васил Пасков, а потоа уредник на весникот станува Димо Хаџи Димов.Гиза, Антони. Балканските държави и македонския въпрос, Македонски научен институт, София, 2001.
Дејност
Официјален орган на Организацијата
Македонското прашање
Весникот разгледувал голем број на внатрешни и надворешни прашања кои биле поврзани со Македонската револуционерна организација како и со решавањето на Македонското прашање.
Во 1905 година весникот истакнал дека:
Со што јасно било дадено на знаење дека Организацијата се залагала за самостојана македонска држава.
Сепак треба да се истакне дека во тој период по Илинденското востание во Организација се диференцираат две струи или крила кои Христо Силјанов ги нарекува ги нарекува: радикално-реформска и умерено-конзервативна Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943. .
Во постарата литература првата групација се нарекува левица, а втората како десница., со што весникот ги изразувал идеите на првото крило, затоа во бугарската историографија се истакнува дека идејата за независност не била цел на сета Организацијата, туку само на ова крило со што се девалвира македонскиот карактер на МРО
Mеѓутоа, треба да се потенцира дека автономниот принцип бил официјална цел на умереното-конзервативно крило, но тоа не значи дека тие не се залагале за самостојна држава, бидејќи идејниот водач на конзервативното крило Христо Матов во својата брошура „Основите на Организацијата од Брут“ истакнува дека:
Однос кон врховистите
Весникот ги популаризирал целите и задачите на МРО во новонастаните услови, притоа весникот ги критикувал и врховистите и нивните погледи за решавање на Македонското прашање.
Во својата статија од јуни 1905 година се истакнува:
Извори
Категорија:Весници на Македонската револуционерна организација