Мартин Гастон Демикелис (шпан. Martín Gastón Demichelis, роден во Јустиниано Посе, Кордоба) — поранешен аргентински фудбалер, играч од одбраната.

Кариера Со професионален фудбал Демикелис почнал да се занимава во 1998 година во буеносаирескиот клуб Ривер Плејт, каде дебитирал за првиот тим во 2001. Имал неколку добри настапи во аргентинскиот клуб, што довело до заминување во минхенски Бајерн во 2003 година. Првата сезона во германскиот клуб не била позитивна, претрпел неколку повреди; но со доаѓањето на тренерот Феликс Магат започнал почесто да игра во првата постава. Играл многу често во двете сезони во кои Бајерн ја освојува и лигата, и купот (2005 и 2006). Во 2011 година потпишал за шпанскиот прволигаш Малага.

На 11 септември 2007 го постигнал првиот погодок за репрезентацијата во пријателскиот натпревар против Австралија која завршила со резултат 1:0.

Награди и успеси

Ривер Плејт Аргентинско првенство: 2002., 2003.

Бајерн Минхен Германска лига: 2005., 2006., 2008. Куп на Германија: 2005., 2006., 2008. Германски лига-куп: 2004., 2007.

Надворешни врски Мартин Демикелис на "National-Football-Teams.com" Статистика на "IrishTimes.com" Статистика на "Fussballdaten.de"

Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Ривер Плејт Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Малага Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Сити Категорија:Фудбалери на ФК Еспањол Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Живи луѓе