ISO 3166-2:NZ е ставка во ISO 3166-2, дел од стандардот ISO 3166 на Меѓународната организација за стандардизација (ISO), каде се пропишани кодовите за имињата на главните административни единици на Нов Зеланд (чиј ISO 3166-1 alpha-2 код е NZ).

Моментално постојат кодови за две нивоа на административна поделба: 2 острова (Северниот и Јужниот Остров) — Секој код е буква. 16 региониОддалечените острови како Четемските Острови, архипелагот Кермадек и Новозеландските Подантарктички Острови немаат кодови. — Секој код почнува со NZ-, по што следат три букви.

Тековни кодови Кодовите на официјалните имиња се пропишани од службениот стандард на Агенција за одржување на ISO 3166 (ISO 3166/MA).

Острови Овие кодови се пропишани со официјалниот стандард без ISO 3166-1 alpha-2 код на земјата како претставка, и затоа самите по себе не гарантираат единственост на глобално ниво. Кон нив може да се придодаде NZ-.

Код Изворно име Македонски N North Island Северен Остров S South Island Јужен Остров

Региони Код Изворно име Македонски Остров NZ-AUK Auckland Окленд Северен Остров (N) NZ-BOP Bay of Plenty Залив Пленти Северен Остров (N) NZ-CAN Canterbury Кантербери Јужен Остров (S) NZ-GIS Gisborne Гизборн Северен Остров (N) NZ-HKB Hawkes's Bay Хоков Залив Северен Остров (N) NZ-MWT Manawatu-Wanganui Манавату-Вангануи Северен Остров (N) NZ-MBH Marlborough Марлборо Јужен Остров (S) NZ-NSN Nelson Нелсон Јужен Остров (S) NZ-NTL Northland Нортленд Северен Остров (N) NZ-OTA Otago Отаго Јужен Остров (S) NZ-STL Southland Саутленд Јужен Остров (S) NZ-TKI Taranaki Таранаки Северен Остров (N) NZ-TAS Tasman Тасман Јужен Остров (S) NZ-WKO Waikato Ваикато Северен Остров (N) NZ-WGN Wellington Велингтон Северен Остров (N) NZ-WTC West Coast Западно Крајбрежје Јужен Остров (S)

Поврзано Административна поделба на Нов Зеланд

Наводи

Надворешни врски Региони на Нов Зеланд - Statoids.com

2:NZ *ISO 3166-2 Категорија:Списоци за Нов Зеланд