Андреј Димков Докурчев или Андреа Димов со псевдоним ДокурчеПсевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 71 или Осман БеговичНиколов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 74 (, - , Будинарци, Беровско) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно двиежење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис Андреј е роден во 1878 година во Велес, тогаш во Отоманското Царство. Се школувал во Солун. Станал член на Организацијата во 1894 година, а со нелегален станал во 1896 година, кога се приклучил во четата на Андон Ќосето, а подоцна бил четник и при Михаил Апостолов и Крсто Асенов.

Докурчев бил горноџумајски околиски војвода во 1901 година. Учествувал во ликвидирањето на злогласниот бег од кукушкото село Мурилово. Исто така, учествувал во аферата Мис Стон.

За време на Илинденското востание, тој бил војвода на првиот одред во Крушевскиот револуционерен реон и на 2-ри спроти 3-ти август, активно учествувал во ослободувањето на Крушево. Во таа прилика тој раководел со 14 востаници од Крушево и со 52-ца востаници од село Крушеани и Света, особено при завземањето на турскиот уќумат, поштенско-телеграфската станица и беледието (општинската зграда) во Крушево.

За време на Илинденското востание, тој учествувал во заштитата на Крушевската Република, а по востанието повторно бил војвода во Горноџумајско во периодот 1904 - 1905 година.

Од следната 1906 година, тој бил нелегален член на Струмичкиот окружен револуционерен комитет и ревизор на четите. Загинал на 10/11 октомври 1907 година, во месноста Бел Камен, во близина на селото Будинарци, Малешевско.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 50-51.Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 282. Убиен е од заседа од страна на врховистите. Убиството го извршил арамијата Грушир по заповед на врховистите од Софија.

Наводи

Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски војводи Категорија:Дејци на ТМОРО Категорија:Отомански Македонци