Едвард III ( - ) (англиски: Edward III of England; француски: Édouard III d'Angleterre) бил еден од најуспешните англиски монарси во средниот век. Тој го вратил кралскиот авторитет по катастрофалното управување на својот татко, Едвард II, а Кралството Англија го претворил во едно од најсилните во Европа. За време на неговото владеење биле воведени големи законодавни реформи, особено во англискиот парламент. Периодот од неговото владеење бил одбележан од "црната смрт" - чума. Едвард III на англискиот престол се задржал 50 години.
Едвард за крал на Англија бил крунисан на 14 години по отстранувањето на татко му. На 17 години со државен удар, тој го отстранил својот регент, Роџер Мортимер, зазимајќи ја власта. Откако победил, без да тргне во поход кон Шкотска, тој се сметал за легитимен наследник на францускиот престол во 1337, по кое започнала Стогодишната војна. По неколку привремени неуспеси на почетокот, војната се развила исклучително добро за Англија. Англија издвојувала голема победа во Битката кај Креси и Поатје.
Тој бил наследен од страна на Ричард II.
Наводи
Категорија:Родени во 1312 година Категорија:Починати во 1377 година Категорија:Династија Плантагенет Категорија:Англиски монарси Категорија:Англичани од француско потекло Категорија:Витези на Подвеската Категорија:Личности од Стогодишната војна Категорија:Личности од Шкотските војни за независност Категорија:Претенденти за францускиот престол Категорија:Римокатолички монарси Категорија:Европски монарси од 14 век Категорија:Погребани во Вестминстерската опатија