Караорман — средновисока планина што се протега во западна Македонија. Името на планината потекнува од турските зборови кара — црна и орман – шума. Се протега во меридијански правец север – југ, помеѓу долината на Црн Дрим на запад и долините на Песочанска Река и Сатеска на исток. Највисок врв е Орли Врв (1.794 м). Доста е пошумен, по што го добил и името. Караорман е формиран со набирање во текот на терциерот и заедно со планината Стогово претставува една целина која се протега како венец со оформен синклинален блок во форма на хорст. Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, додека на повисоките делови се наоѓаат варовници. Во правец север–југ планинското било постепено се спушта во Охридско-струшката Котлина.

Караорман како тема во уметноста „Караорманци“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 14. „Караорман“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 51-52. „Караорман“ — поема на Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 193-197. Анте Поповски, Поезија. Наша книга, Скопје, 1990, стр. 483-491.

Наводи

Категорија:Планини во Македонија