Катланово претставува рудник, наоѓалиште на јаглен, на околу 25 km југоисточно од Скопје, во непосредна близина на селото Катланово.Б. Андреевски, Јаглени: Генетски и квалитативни одлики, наоѓалишта на јаглен и заштита на животната средина, РГФ, Штип, 1995 Од геолошки аспект, врз палеорелјефот на наоѓалиштето, трансгресивно и дискордантно лежи палеогениот седиментен комплекс. Плиоценскиот комплекс, кој лежи трансгресивно врз палеогенот, својот развој го индицира преку две суперпозициони фации: долна, глиновито-лапоровитопродуктивна, и горна чакалестопесоклива фација. Според квалитативните параметри, може да се констатира дека станува збор за јаглен од лигнитски тип. Вкупните геолошки резерви на јаглен, пресметани за горниот продуктивен хоризонт во наоѓалиштето изнесуваат околу 18,5 х 106 тони.П. Лазаров, и Т. Серафимовски, Наоѓалишта и појави на енергетски суровини во Република Македонија, Посебно издание бр. 6, РГФ, Штип, 1997
Наводи
Категорија:Катланово Категорија:Рудници во Македонија