+Imperium Romanum Римското Царство 200п Империјата во своето најголемо проширување Национална парола: Senatus Populusque Romanus (Латински: Сенатот и луѓето на Рим) Службени јазици Латински и старогрчки во источниот дел Главни градови Рим; подоцна Цариград Влада Монархија во републиканска форма, подоцна автократија Водач на државата Император; по поделбата постои и западен римски цар и источен римски цар Делиберативно тело Римски Сенат Површина - Вкупно- % вода прва пред колапсот 2,3 милиони квадратни милји во својот процут ?% Население - Вкупно прва пред колапсот Приближно од 55 милиони до преку 120 милиони Воспоставена 2 септември 31 п.н.е. Распад Поделба меѓу Западното Римско Царство, која пропадна на 4 септември 476, и Источното Римско Царство (наречена и Византија), која пропадна на 29 мај 1453. Прв император Октавијан Август (27 п.н.е. - 14 година) Последен император Теодосиј I (347-395) последен владетел над целата империја пред нејзината поделба. Последен западен император: Ромул Август (475-476) или Јулиј Непос, кој е на чело до неговата смрт во 480. Последен император на истокот: Константин XI (1449-1453). Статус пред империја Римска Република Статус по империја Западно Римско Царство, Источно Римско Царство (Византија), Франкска Империја, Свето Римско Царство Валута солид, ауреус, денариј, сестерциј, ас [ edit ]

Римската држава (латински: Imperium Romanum) била создадена на Апенинскиот Полуостров. Опкружен од три страни со мориња, слабо разгранет брег, имал блага клима и мошне плодна земја. Северниот дел од полуостровот е рамничарски и погоден за земјоделство, а средниот и јужниот се планини кои се погодни за развој на сточарството.

Во стариот век на Апенинскиот Полуостров живееле многу племиња. Најпознати биле: Галите, Италите, Латините, Умбрите, Самнитите и други. По Италите подоцна Апенинскиот Полуостров го добил името Италија. Во јужниот дел на Апенинскиот Полуостров и на Сицилија живееле колонии на Хелените и овој дел бил наречен Магна Греција.

Етрурците ја населувале Средна Италија (ден. област Тоскана). Тие биле едни од најстарите жители на Италија. Нивното потекло сè уште не е точно утврдено. Тие во 8 и 7 век п.н.е имале свои градови со развиено занаетчиство и трговија. Градовите биле со поплочени улици, тротоари, канализација и водовод. Етрурците имале високо развиена култура. За тоа сведочат голем број на материјални остатоци. Тие извршиле големо културно и политичко влијание на римската држава.

Латините имале најзначајна улога во историјата на Рим. Ја населувале областа Лациј во Средна Италија, јужно од Етрурците и од долниот тек на реката Тибар која била граница со Етрурците. Во оваа област имало повеќе градови меѓу кои бил и градот Рим (Рома), кој имал прекрасна местоположба. Се наоѓал 25 км од морето, на левиот брег на пловната река Тибар, преку која бил поврзан со морето. Градот се простирал на седум добро утврдени ритчиња, кои се обединиле за да можат полесно да се бранат од надворешните напади. Според легендата, Рим бил основан во 753 година п.н.е, но според археолошките податоци порано околу 10 век п.н.е.

Основање на римската држава Територија и население Римската држава била основана на Апенинскиот Полуостров. Полуостровот е поврзан со Европа само од северната страна, преку еден планински венец. Од другите страни е опколен со мориња, со слабо разгранет брег. Северниот дел на Апенинскиот Полуостров е претежно рамничарски и е погоден за земјоделство. Средниот и јужниот дел се планински, богати со пасишта и погодни за сточарство. Климата на Апенинскиот Полуостров е блага, а почвата е доста плодна.

На Апенинскиот Полуостров во стариот век живееле повеќе племиња и народи. Во почетокот, најпознати биле Етрурците, како и племињата Оски, Умбри и Латини. Етрурците биле најстари жители на Апенинскиот Полуостров. Се занимавале со земјоделство, занаетчиство и трговија. Живееле во градови-кралства со развиена култура и уметност. Нивните градови имале поплочени улици, канализација и водовод. Латините, пак, имале најзначајна улога во основањето на Рим. Тие се занимавале со земјоделство и сточарство.

Основање на Рим Латините се населиле во средишниот дел на Апенинскиот Полуостров. На левиот брег на реката Тибар, на седум блиски ритчиња основале свои населби, кои биле опкружени со мочуришта. Етрурците, кои живееле од другата страна на Тибар, често ја минувале реката и ги разменувале своите производи со производите на Латините. Латините прифатиле голем дел од културата на Етрурците.

Етрурците преземале и воени напади против Латините. За да се одбранат полесно од нападите, населбите на седумте ритчиња се обединиле. Така настанал градот Рим. Во шестиот век пред н.е., Етрурците ги победиле Латините и го освоиле Рим. За основањето на Рим е зачувана и една легенда. Според неа, Рим бил основан во 753 година пред н.е. од близнаците Ромул и Рем. Уште додека биле во лулка, нивниот лош стрико ги фрлил во реката Тибар. Од реката ги извадила една волчица, која ги задоила, а потоа ги нашол и ги пораснал еден овчар. Кога пораснале, браќата му се одмаздиле на лошиот стрико. Потоа основале град, кој по Ромул го добил името Рим (на латински Рома).

Општествено и државно уредување

Во најстариот период Рим имал родовско уредување. Родовите биле составени од патријахални семејства - фамилии, на чие чело стоел патер. Десет рода сочинувале братство, а десет братства сочинувале племе или триба. Вкупно имало три триба. Населението го сочинувале слободни и неслободни луѓе. Слободните се делеле на патриции и плебејци. Патриции биле богати луѓе, кои уживале големи привилегии и ги заземале сите положби во државната управа. Од нивните редови биле избирани конзули и сенатори. Плебејците воделе потекло од потчинетото население на Лациј и на Етрурците. Се заземале со земјоделство, занаетчиство и трговија. Плаќале даноци на државата, служеле војска, но немале политички права и не учествувале во работата на народното собрание. Бракот меѓу патрициите и плебејците бил забранет со закон. Неслободното население го сочинувале робови, кои во овој ран период во римската држава не биле бројни.

Во најстариот период со Рим управувал крал. Бил т.н кралски период кој изнесувал од 753-509 г. п.н.е. Кралот ја предводел војската, бил врховен судија и свештеник. Постоело и народно собрание, што го сочинувале сите полнолетни мажи и војници, а исто така и сенат, што го сочинуваат старешините на најбогатите и најугледни родови.

Според традицијата постоеле седум кралеви. Последните три кралеви биле етрурски, бидејќи во 7 век п.н.е. Лациј бил освоен од Етрурците. Со нивното владеење не биле задоволни римските патриции, кои во 509 г. п.н.е го симнале од престолот и го протерале последниот крал (Тарквиниј Гордиот) и прогласиле република. Таа добила ново уредување. На нејзиното чело се наоѓале двајца конзули, кое ги избирало народното собрание а било од редовите на патрициите, со мандат од една година. Сенатот добил многу поголемо значење, а неговите одлуки биле задолжителни и за конзулите.

Римската војска Благодарејќи на добро организираната војска, Римјаните продолжиле да водат успешни војни и по освојувањето на Апенинскиот Полуостров. Во војската служеле Римјани на возраст од 17 до 45 години. Побогатите служеле во коњицата, а другите во пешадијата. Основна единица во војската била легијата. Таа броела околу 5000 војници, а се состоела од тешка пешадија, лесна пешадија и коњица. Римската војска била добро вооружена и извежбана. Во војската владеела строга дисциплина. Војниците биле вооружени со голем штит и кус меч или копје. На горниот дел од телото имале оклоп, а на главата шлем.

Потчинување на Италија

По ослободување од етрурската власт, Римјаните започнале да водат војни за проширување на својата држава најпрвин во Италија а подоцна и надвор од нејзините граници. Речиси сто години римјаните воделе војни со Етрурците, кои не сакале да се помират со губењето на Рим и Лациј, но на крајот Етрурците биле поразени а нивната земја влегла во составот на римската држава.

Во 4 век п.н.е Рим водел војна со Галите во Северна Италија, кои во 390 г. п.н.е. го нападнале и го ограбиле градот Рим. Единствено тврдината на ритчето Капитол не била освоена, иако била опседнувана цели шест месеци. Во исто време Рим војувал и со италските племиња во Средна Италија. Најжесток отпор му пружиле Саминтите, со кои морал да води три војни. Дури по третата семитска војна (298-290), Рим станал господар на средна Италија.

Потоа Римјаните ги насочиле своите сили кон Јужна Италија каде што се наоѓале многу колонии на Хелените. Меѓу нив се истакнал и градот Тарент со кого Рим дошол во судир. На овој град во војна му помагал епирскиот крал Пир. На крајот римјаните победиле, го потчиниле Тарент и цела Јужна Италијаи се претвориле во една од најголемите и најсилните држави на Средоземното Море.

Освојувања во Африка, Европа и Азија. Рим станува светска сила

Борба со Картагина - Три војни познати како Пунски војни (264-146 г.п.н.е) завршила со победа на Рим и освојување на Картагина Во трети век п. н. е започнало освојување на Балканот. Во 168 г.п.н.е биле потчинети Македонците и Илирите, а во 146 г.п.н.е била потчинета и Хелада каде биле освоени Мала Азија, Сирија и Палестина Паднал Египет во 30 година п.н.е кој бил на чело со Клеопатра. Во втори век п.н.е била освоена Дакија(Денешна Романија)и со тоа се означил крајот на освојувањата на Рим. Внатрешни судири во Римската држава

лево|thumb|Смртта на СпартакВоените походи придонеле за уште поголемо раслојување на населението на богати и сиромашни. Офицерите се враќале со огромен плен на бродови и на коли, а војниците во торби и во кесиња. Намесниците пак, даночниците и чиновниците во новите провинции преку разни злоупротеби земале не колку што треба, туку колку што ќе најдат. Бројот на робовите нагло се зголемил и имало бесплатна работна сила за огромните земјишни имоти на римската аристократија, наречени латифундии. Нивните поевтини производи направени со бесплатен робовски труд безмилосно им конкурирале на поскапите производи на селаните и занаетчиите, па тие осиромашувале и пропаѓале. Политичките прилики во државата нагло се влошиле со селските бунтови и барања за аграрна реформа, заканувајки се да прераснат во граѓанска војна.

Со освојувачките војни на римската држава нагло се зголемил бројот на робовите. Од нив, во особено незавидна положба биле т.н. гладијатори, коишто биле специјално обучувани за меѓусебни борби или за борби со диви ѕверови во арената заради задоволување и забава на публиката. Токму тие и го кренале големото востание на робовите предводено од Спартак што траело од 73 до 71 година пред н.е. Тоа се проширило на цела Јужна Италија. Римјаните очекувале напад на Рим, но намерата на востаниците била да ја напуштат Италија кон своите родни краеви. Ова најмасовно робовско востание во светската историја било крваво задушено. Но тоа длабоко ја разнишало римската држава.

За да го стишат гневот и незадоволството на сиромашните римски граѓани, вештите римски политичари и извршиле воена реформа и граѓанската војска што била распуштена по секоја војна била земена со наемничка војска.

Внатрешни борби во Римската држава

Положбата на селаните и робовите Селаните биле најбројно слободно население во римската држава. Тие учествувале во војните што ги водел Рим. Служеле во пешадијата. Поради долгите војни, нивите и полињата на селаните често останувале необработени. Нивните производи се продавале евтино на пазарот. За да преживеат, селаните се задолжувале кај побогатите. Кога не можеле да го вратат долгот, биле принудени да ја отстапат својата земја и заминувале да бараат работа во градовите.