Томас Едвард „Том“ Јорк (, роден на ) е англиски музичар кој е водечкиот вокалист и главен текстописец на музичката група Radiohead. Тој главно свири на гитара и пијано, но исто така има свирено на тапани и бас гитара (најмногу за време на сесиите за албумите „Kid A“ и „Amnesiac“). Во јули 2006 година тој го издаде неговиот дебитантски соло-албум, „The Eraser“.

Јорк е истакнат како една од највлијателните личности во музичката индустрија: во 2002 година магазинот „Q“ го именува Јорк како најмоќниот британски музичарБоно е најмоќната музичка ѕвезда , а во 2005 година Radiohead беа на 73. место на списокот „100 најголеми уметници на сите времиња“ на магазинот „Rolling Stone“. Јорк исто така е именуван и како еден од најдобрите пејачи во историјата на популарната музика: според анкетата од 2005 година организирана од списанието „Blender“ и MTV2, Јорк беше изгласан на 18. место како најдобар пејач на сите времиња,Blender Magazine's 22 Greatest Voices а во 2008 беше рангиран на 66. место на списокот на „Roling Stone“: „100 најдобри пејачи на сите времиња.“ Allmusic има напишано: „Малку рок-пејачи од 90-те беа оригинални и инстантно незаборавливи како Том Јорк“.Thom Yorke. Allmusic. Пристапено на 22 јуни 2010. Дискографија

Наводи

Надворешни врски

The Eraser: Официјално мрежно место за соло-албумот на Јорк Том Јорк оди соло: Интервју со Јорк од радио-програмата на NPR, јули 2006

Категорија:Англиски рок-музичари Категорија:Добитници на Греми Категорија:Живи луѓе Категорија:Членови на Radiohead Категорија:Добитници на наградата „Ајвор Новело“