Свети Никола — средновековна селска црква во штипското село Крупиште, Македонија. Прогласена е за споменик на културата на Македонија.

Самата црква всушност е означена како археолошко наоѓалиште од типот старохристијанска базилика и средновековна црква.

Црквата се наоѓа на североисточниот излез од селото, под патот Штип–Кочани, на десниот брег на Брегалница.

Местоположба Местоположбата на црквата е на крајот на патот, односно на излезот од селото до селските гробишта, западно од местото каде реката Злетовица се влева во реката Брегалница.

Околу црквата и остатоците од базиликата биле пронајдени старохристијански и средновековни гробови. Дел од саркофаг служи како корито на чешмата што се наоѓа јужно од црквата.

Историја Црквата „Св.Никола“ во Крупиште била изградена во 1625/6 година за време на епископот Макарие.

Позната е во стручната литература како објект од XVII век. Според најновите констатации на Блага Алексова, нејзиното подигање е поместено во IX-X век. Од надворешната страна на ѕидовите се забележуваат вградени елементи од ранохристијанска архитектонска и скулптурална пластика, на кои има знаци и букви. Со ископувањата во 1975 година е утврдено дека црквата била подигната врз темели од трикорабна базилика во V до VI век, долга 16 м и широка 14,90 м, со централна апсида која од надворешната страна била организирана многуаголно и со нартекс на западната страна.

Живописот на црквата бил обновен во 1880 г., од зографот монарх Исаис Дебрели, кој најверојатно вршел интервенции на стариот живопис од наосот, а во исто време ја живописал и припратата.

Нема податоци кога и од кој архијереј е осветена.

Архитектура Во својата основа е мала еднокорабна градба подигната врз темелите на средишниот кораб од старохристијанската базилика на чија ѝ се пронајдени остатоци. Од источната страна има многуаголна апсида од надвор, а од западната Нартекс. Црквата Свети Никола била подигната од кршен камен со нееднаква големина и вградени делови од ранохристијанска пластика на која се испишани знаци и букви. Влезот е на западната страна. Во црквата се сочувани два натписа. На првиот пишува дека црквата е изградена во времето на епископот Макарие во 1625 година.Б. Алексова 1983, 85—00 и 1989, 18—3, 65—7

Фрескоживопис

Црквата била живописана во 1627 година, додека на вториот е забележан зографот Исаија Фрчковски, кој во 1880 година, кога се претпоставува дека е доградена припратата на црквата со полукружен свод, истата ја насликал и извршил одредени интервенции врз фрескописот од наосот. Во фрескописот од припратата изработен од овој зограф се забележуваат ликови облечени во современа носија.И. Микулчиќ TIR, 75—76

Икони

Во црквата има икони од Данаил Штипјанецот, Исаја Дебренин и други непознати автори.

Галерија

Поврзано Штипско архијерејско намесништво Горнобалванска парохија Крупиште

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Крупиште Крупиште Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од старохристијанско време Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на црква Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на базилика Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Карбинци Категорија:Археолошки наоѓалишта во Штипско