Оцелот е вид мачка што се наоѓа во шумите, тревните подрачја покриени со грмушки од Тексас до северна Аргентина.

Особености Оцелотот е долг 90-130 см, без опашката од 30 до 40 см. Висок е околу 45 см и тежи 11-16 кг. Горниот дел на телото варира од бела до темножолта и сива боја. Главата, вратот и телото се обележани со посебни форми на црни пруги и точки: точки на главата, две линии на секој образ, долгнавести точки поврзани во синџирести страни на телото и линии или дамки на опашот. Оцелотот лови ноќе мали цицачи, птици, влекачи и риби. Тој е на списокот на загрозени животни во САД.Животински свет, Скопје, 2005, стр. 133

Наводи

Категорија:Цицачи Категорија:Јужноамерикански мачки Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј