Радован П. Цветковски ( — ) — македонски поет, раскажувач, книжевен критичар, писател за деца и млади и фолклорист.

Роден е во Сопотница, Демирхисарско. Основното образование го започнува во родното село, а го завршил во Битола (1947). Средното образование го започнал во Учителската школа „Браќа Миладиновци“ во Битола, а го завршил во Учителската школа „Никола Карев“ во Скопје. Потоа продолжил на Вишата педагошка школа и Филозофскиот факултет - група југословенска книжевност со македонски и српски јазик.

Првото вработување му било како учител во селото Лесково, а учителствувал и во други села во Демир Хисар (Радово, Сопотница, Жван и Прибилци).

Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонското научно друштво - Битола и на Друштвото на фолклористите на Македонија.Мишо Јузмески: „Пофални слова“ , Благоевград, 2006 исто така, бил член на Советот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија и еден од покренувачите на манифестацијата „Тумбе Кафе - кафе песна“ од 2011 година. Соработувал со повеќе македонски и странски списанија и весници: „Современост“, „Нова Македонија“, „Литературен збор“, „Раст“, „Стожер“, „Современи дијалози“ итн.

Починал во 2022 година по кратко боледување.

Библиографија

Поезија

Моето поднебје (1971) Кругови од лузни (1974) Камен и небо (1977) Бели несоници (1982) Дедо ми во балканските војни (1985) Кога ѕвездите кон небото паѓаа (1993) Јазли на душата (1996) Корени од прагот (1998) Даги (1999) Прекршено време (1999) Сонето претчувство (2006) Потпрено небо (2012)

Проза

Ангелот и клучот (1995) Блиску до умот (2009)

Проза за деца и млади

Смокот пештерски (1994) Рашко (1997) Приказни од лозје (2000)

Критики и студии

Видувања (2003) Отаде и одавде времето (2003)

Дела од фолклористика

Македонски народни пословици (1993) Сказанија демирхисарски (1996) Демирхисарски и други сказанија (2003)

Дела од областа на дијалектологијата

Студија за демирхисарскиот говор (2006) Речник за демирхисарскиот говор (заедно со Божо Стефановски) (2008)

Други книги

Печатарството и издаваштвото во Битола (1999) Македонски писатели - биобиблиографски прирачник (2000)

Награди и признанија

Трета награда за песна на весникот „Трудбеник“ (1976) Прва награда за поема на ЈУ средбите во Краљево (1982) 4 Ноември - награда за Општина Битола (1983 и 1999) Втора награда за поезија на Меѓународната манифестација „Празник на липите“ (2005) Трета награда за поезија на Меѓународната манифестација „Празник на липите“ (2007) Награда за животно дело на Општина Демир Хисар (2010) Плакета „50 години Македонско научно друштво - Битола (2010) Голема плакета на Сојузот на боречки организации на Македонија (2011)

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски писатели за деца Категорија:Македонски фолклористи Категорија:Луѓе од Сопотница Категорија:Добитници на наградата „Книжевен жезол“ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје