„Балканска федерација“ (француски: La Fédération balkanique) бил весник на комунистичките партии од балканските земји (Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Србија и Хрватска). Излегувал од 15 јули 1924 до февруари 1932 година. Прво излегувал во Виена, а потоа од мај 1931 до февруари 1932 година - во Франкфурт.Communisme et Intégration Supranationale: La Revue "La Fédération balkanique" (1924 - 1932) Излегувал двапати месечно. Го редактирале Димитар Влахов, Георги Димитров, Никола Харлаков и други емигранти комунисти од балканските земји.

Според уводникот во првиот број, имал задача „да пропагира ослободување и самоопределување на балканските народи и нивно федерирање“. Авторите се застапувале главно за Балканска федерација. Имал особено значење за популаризирањето на македонското прашање во светот.

Покрај уредниците, автори на текстовите се и др. Филип Атанасов, Петар Чаулев, Павел Шатев и др.

Наводи

Литература Д-р Боро Мокров, „Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година)“, Скопје, 1980, стр. 360-362. Д-р Боро Мокров, М-р Томе Груевски, „Преглед на македонскиот печат (1885-1992)“, Скопје, 1993.

Категорија:Некогашни весници Категорија:Весници на македонската дијаспора