Леарницата за куршуми ― музеј во Крушево, во која биле изработувани куршуми за време на Илинденското востание. Музејот е под јурисдикција на Историскиот музеј - Крушево. Градбата е заведена во 1953 година како Културно наследство на Македонија под називот Работилница за оружје за време на Илинденското востание, ул. Томе Никле бр. 57.
Историја на куќата Како леарница Леарницата за леење на куршуми и поправка на оружјето на востаниците била отворена со наредба на Времениот извршен совет по ослободувањето на Крушево, на Времената влада на Крушевската Република, на заседанието од 4 август 1903 со кое раководел Никола Карев. Според историските документи и сеќавањето на тогашните живи Илинденци, леарницата била сместена во куќата на Илија и Коста Лапески на ул. Томе Никле бр. 57. Со неа раководеле искусните железари и туфекчии Ставре Борјар и Митка Манак. Леарницата била под раководство и надзор на интелектуалната група. Во леарницата носеле оружје за поправка Злата Ристеска-Кеша, Донка Журчаноска-Иљојче. Носењето оружје најчесто било на штици за печење на леб или кошници, а го преземала Пашка Лапеска и го предавала на мајсторите. Сеќавања има на Тоду Борјар, конструкторот на црешовото топче, на Бранко Благоески чиј татко бил член на интелектуалната група, во сеќавањата на Никола Киров Мајски. Мајски и Крсто Топузиски, за време на неговиот последен престој во Крушево во 1957 година, повеќе дена водел разговори за текот на востанието, неговата улога и значење, а посебно за леарницата на куршуми и поправка на оружјето.
Како музеј Во 2003 година, куќата била претворена во музеј во 2003 година и била отворена со поставката посветена на леарницата за куршуми. Во неа се наоѓаат првичните орудија кои биле користени за лиење куршуми во текот на востанието.www.visitkrusevo.com.mk
Наводи
Категорија:Музеи во Крушево Категорија:Македонската архитектура во 2003 година Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Крушево