thumb|250px|Семето и плодот на англиската поезија, Форд Мадокс Браун. Историјата на англиската поезија започнува од средината на VII век и трае до денешен ден. Англиската поезија, како и англискиот јазик, се проширени на глобално ниво и поради ова, терминот Англиска поезија добива двојно значење: поезија напишана во Англија или поезија напишана на англиски јазик.

Најраната поезија на територијата на денешна Англија била пренесувана усно, а потоа биле запишувани разни верзии кои денес не постојат. Поради тоа, тешко е да се одреди точно од кога датира најстарата англиска поезија. Најстарите ракописи кои се зачувани се од X век. Поеми напишани на латински, бритонски (претходник на велшкиот) и староирски јазик се зачувани и датираат од VI век. Најстарата поезија на англосаксонски, најдиректниот претходник на современиот англиски јазик, се верува дека е создадена некаде во VII век.

Со развитокот на трговијата и британската империја, англискиот јазик почнал да се користи и надвор од Англија. Во XXI век, само мал процент од писателите чиј мајчин јазик е англиски живеат во Англија, а има и сѐ повеќе автори чиј мајчин јазик не е англиски, но сепак пишуваат на англиски. Се развиваат и американска, австралиска, новозеландска, канадска и индиска поезија. Од 1921 година, и на ирската поезија се гледа како на посебна научна област.

Во оваа статија, најмногу се става фокус врз поезија од автори кои биле родени или поминале поголем дел од својот живот во Англија. Но поради разновидната природа на темата, во овој краток водич има и преглед на поезијата од други земји.

Најстарата англиска поезија thumb|right|Првата страница на „Беовулф“ Најстарата англиска поема денес позната е химна. Бид му ја препишува оваа химна на Кедмон, кој, според легендата, бил неписмен овчар кој создавал импровизирана поезија во манастир во Витби.Bede, Historia ecclesiastica gentis Anglorum. Ова се смета за почетокот на англосаксонската поезија.

Голем дел од поезијата од овој период е тешко да се датира или да се среди хронолошки. На пример, големиот еп Beowulf („Беовулф“) се смета дека бил напишан некаде во периодот помеѓу 608 и 1000 г., но досега не е постигнат консензус.See, for example, Beowulf: a Dual-Language Edition, Doubleday, New York, NY, 1977; Newton, S., 1993. The Origins of Beowulf and the Pre-Viking Kingdom of East Anglia. Cambridge. Но може да се идентификуваат некои клучни моменти. The Dream of the Rood („Сонот за крстот“), христијанска поема, била напишана некаде пред 700. година, зашто била изгравирана на рунско писмо на крстот Рувел, кој бил изграден во VII век.Brendan Cassidy (ed.), The Ruthwell Cross, Princeton University Press (1992). Некои поеми кои раскажуваат историски настани, како на пример The Battle of Brunanburh („Битката кај Брунанберг“) (937 г.) и The Battle of Maldon („Битката кај Малдон“) (991 г.) и за тие се знае дека биле создадени кратко по настаните кои ги опишуваат и поради тоа, може доволно прецизно да се датираат.

Но англосаксонската поезија се категоризира по ракописите кои се зачувани, а не по периодот на пишување. Најважните ракописи се четирите поетски кодеци од доцниот X и раниот XI век, кои се познати како: ракописот на Кедмон, Книгата на Верчели, Книгата на Ексетер и ракописот на Беовулф.

Иако количински нема многу сочувана поезија, таа што е сочувана е доста голема. „Беовулф“ е единствениот херојски еп кој е целосно сочуван, но има и фрагменти од други слични херојски епови. Друг важен жанр била и црковната поезија, од посветени дела до библиски парафрази; елегии како The Wanderer („Талкачот), The Seafarer („Морепловецот“) и The Ruin („Урнатините“) (што често се смета за опис на урнатините од Бат); и бројни поговорки, загатки и магии.

Англосаксонската поезија била пишувана во алитеративен стих, без внимание на римата, освен еден исклучок: The Rhyming Poem („Римуваната поема“), која се наоѓа во книгата на Ексетер.

Англонорманскиот период и доцниот среден век По освојувањето на Англија од страна на Норманците, англосаксонскиот јазик почнал сѐ помалку да се користи. Новата аристократија зборувала на француски и овој јазик станал официјален во судот, парламентот и културното општество. Како што се мешале освојувачите со мештаните, така се мешале и нивниот јазик и литература. Францускиот дијалект на аристократите станал англонормански, а англосаксонскиот постепено ја почнал преобразбата во средноанглиски јазик.

Иако повисоките класи го претпочитале англонорманскиот или латинскиот јазик, англиската литература не замрела. Многу важни дела од овој период го покажуваат развитокот на јазикот. Некаде околу XIII век, Лејамон го напишал Brut („Брут“) според истоимениот англонормански еп на Вејс од XII век. Јазикот на Лејамон е средноанглиски, иако неговата прозодија покажува присуство на силно англосаксонско влијание. Зачувани се и други вакви докази. Со време, англискиот јазик го вратил својот престиж и во 1362 ги заменил францускиот и латинскиот во парламентот и судот.

Во XIV век почнале повторно да се појавуваат дела на англиски јазик. Таканаречениот Pearl Poet ги создал Pearl („Бисер“), Patience („Трпение“), Cleanness („Чистота“) и Sir Gawain and the Green Knight („Сер Гавејн и Зелениот Витез“); Вилијам Ленгленд ја напишал политичката и религиозна алегорија Piers Plowman („Орачот Пирс“), Џон Гауер - Confessio Amantis („Исповедот на љубовниците“); и, се разбира делата на Џефри Чосер, најуважениот поет од средниот век, на кого неговите современици гледале како на следбеник на традицијата на Вергилиј и Данте.

Репутацијата на следбениците на Чосер во XV век е помала во споредба со неговата, иако Џон Скелтон и Џон Лидгејт темелно се проучуваат. Во Шкотска исто така почнува да се пишува поезија со The Kingis Quair на кралот Џејмс Први. Најглавните поети од овој почетен период се Роберт Хенрисон, Вилијам Данбар и Гавин Даглас. Хенрисон и Даглас вовеле еден вид груба сатира, а дагласовата верзија на Енеидата на Вергилиј е еден од најраните споменици од ренесансниот книжевен хуманизам во Англија.

Ренесансата во Англија Ренесансата подоцна дошла во Англија; за почеток се зема 1509 година отприлика. Исто така, општоприфатено е дека периодот на ренесансата во Англија траел сѐ до реставрацијата, во 1660 година. Но многубројни фактори го подготвиле патот на „новото учење“ (ренесансниот хуманизам) уште долго пред тоа да започне. Многу поети од средниот век покажале интерес кон идеите на Аристотел и делата на предвесниците на европската ренесанса, како, на пример, Данте.

Во 1474, Вилијам Кекстон ја воведува печатарската машина во Англија и со тоа придонесува до побрзо ширење на новите писатели и мислители, и повторно откривање на старите. Кекстон ги отпечатил делата на Чосер и Гауер и овие книги потпомогнале кон создавање на идејата за домашна поетска традиција која е слична со европската. Освен тоа, делата на англиските хуманисти Томас Мор и Томас Елиот го доближиле „новото учење“ до народот.

Уште три други фактори придонеле до почетокот на ренесансата: реформацијата, против-реформацијата и почетокот на англиската поморска сила и прекуокеанските истражувања и проширувања. Со установувањето на Англиската црква во 1535 се забрзува процесот на ослабување на христијанските идеи, што претходно доминирале над интелектуалниот и уметнички живот. Истовремено, прекуокеанските патувања послужиле како стимул за истражување и создавање ново сфаќање за природата, резултат на што се теориите на Никола Коперник и Јоханес Кеплер.

Рана ренесансна поезија Првите години на XVI век не се многу значителни, со чест на неколку исклучоци. Преводот на „Енеидата“ на Гавин Даглас бил завршен во 1513, а Џон Скелтон напишал поеми кои претставуваат транзиција од средновековен во ренесансен стил. И новиот крал, Хенри Осми, пробал да пишува поезија. Најзначајниот поет од овој период е Томас Вајат, еден од првите автори што пишувале сонети на англиски јазик.

Елизабетанците Поезијата во елизабетанскиот период (1558-1603) се одликува со бројни новини: се вовеле и адаптирале теми и форми од други европски традиции и класичната литература, се создала елизабетанската песничка традиција, кралската поезија и драмата во стихови.

Елизабетанската песна Голем дел од елизабетанските поети пишувале песни, вклучувајќи ги и Николас Грималд, Томас Неш и Роберт Саутвел. Од овој период се зачувани и голем број анонимни песни. Може да се каже дека најголемиот композитор од овој период е Томас Кампион. Кампион е важен и зашто експериментирал со метарот броејќи слогови наместо акценти. Овие квантитативни метри биле засновани на класичните модели и треба да се сметаат како дел од преродбата на грчките и римските уметнички методи во ренесансата.

Овие песни биле печатени во збирки или антологии, на пример Songs and Sonnets на Ричард Тотел во 1557, или во песнарици придружени со ноти за изведба. Овие изведби биле значаен дел и од јавната и од приватната забава. До крајот на XVI век, новата генерација композитори, меѓу кои и Џон Дауленд, Вилијам Берд, Орландо Гибонс, Томас Вилкис и Томас Морли придонеле кон тоа елизабетанската песна да се извиши на повисоко музичко ниво.

Елизабетанските поеми често содржеле јамб, метричка стапка од два слога, едниот ненагласен, а другиот нагласен. Шекспир го користел јамбот во неговите драми. Јамбот е обратно од трохејот.

Јампскиот пентаметар станал најчестиот метар во англиската поезија. Содржи пет јамбови во еден стих. Во драмите на Шекспир доминира јампскиот пентаметар. Еден пример е стихот од „Ромео и Јулија“: "But soft!/ What light/through yon/der win/dow breaks?" (акцентираните слогови се со здебелени букви). [македонски: Но тивко, што светлина низ оној прозорец блеска?]

Кралска поезија right|thumbnail|220px|Едмунд Спенсер Поради наклонетоста на Елизабета кон поезијата и уметностите, во кралскиот двор често се изведувала поезија, во која често се опишувала идеализирана верзија на тој кралски свет.

Меѓу најдобрите примери е The Faerie Queene („Самовилската кралица“) на Едмунд Спенсер, химна која ја слави кралицата, и Arcadia („Аркадија“) на Филип Сидни. Оваа тенденција е присутна и во The Shepheardes Calender („Календарот на овчарот“) на Едмунд Спенсер. Оваа поема ја воведува англиската верзија на пасторалната поезија – поезија чија публика е аристократска, а темата селанска. Сонетите на Вилијам Шекспир и поезијата на Волтер Рали се исто доказ за присуство на аристократска публика.

Елизабетанска драма во стих left|thumbnail|200px|Вилијам Шекспир Драмата во стих се смета за едно од најважните достигнувања во англиската книжевност, а најпознатиот претставник, Вилијам Шекспир, се слави како највеличествениот поет на англиски јазик. Овој вид на драма, кој бил наменет и за кралскиот двор и за народот, ги обработувал сите важни теми во современата книжевност и живот.

Покрај многуте драми што имале теми од религијата и класиката, имало и историски драми, и ова може да се протолкува како напор да се зацврсти британскиот национализам и како уметничка потпора на отпорот на Елизабета против шпанските и другите странски закани.

Покрај Шекспир, други значајни имиња се: Кристофер Марлоу, Томас Мидлтон, Томас Декер и Бен Џонсон.

Класицизам Дагласовиот превод на Енеидата, метричките експерименти на Кампион, „Календарот на овчарот“ на Спенсер и драмите како Anthony and Cleopatra („Антонио и Клеопатра“) на Шекспир се примери за влијанието на класицизмот врз елизабетанската поезија. На поетите од овој период им било вообичаено да пишуваат на теми од класичната митологија. Пример за ова се Venus and Adonis („Венера и Адонис“) на Шекспир и Hero and Leander („Херо и Леандар“) на Марлоу и Џорџ Чепмен (кој ја довршил по смртта на Марлоу).

Исто почнале да се вршат и бројни преводи на класичната поезија. Артур Голдинг (1565-67) и Џорџ Сендис (1626) го преведуваат Овидиј, а Чепмен – Хомеровите „Илијада“ (1611) и „Одисеја“ (c. 1615). Овие се највидните примери.

Јакобинска и каролинска поезија