Стакло или џам — хомоген, аморфен и цврст материјал, што обично се произведува кога соодветно вискозен стопен материјал се лади многу брзо, така што не се дава доволно време за да се формира нормална кристална структура. Едноставен пример е кога шеќерот се топи и брзо се лади преку контакт со студена површина. Поимот стакло во секојдневна употреба се однесува на специфичен тип на стакло, засновано на силициум диоксид и се користи како материјал за различни објекти, контејнери и декорации. мини|250px|лево|Римска стаклена чаша Стаклото како тема во уметноста и во популарната култура „Срце од стакло“ (англиски: Heart of glass) — песна на американската рок-група Блонди од 1978 година.YouTube, Blondie - Heart Of Glass (пристапено на 19.3.2017) „Кршење стакло“ (Breaking Glass) — песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви од 1977 година.DISCOGS, David Bowie – Low (пристапено на 22.4.2020) „Стакло“ (англиски: англиски: Glass) — песна на британската рок-група Gang Of Four од 1979 година.DISCOGS, Gang Of Four – Entertainment! (пристапено на 9.7.2020) „Во стаклена куќа“ (англиски: In A Glass House) — песна од истоимениот музички албум на британската рок-група Gentle Giant од 1973 година.DISCOGS, Gentle Giant – In A Glass House (пристапено на 13.11.2022) „Музеј на стаклото“ (англиски: Glass Museum) — песна на американската рок-група Tortoise од 1996 година.Tortoise - Glass Museum (пристапено на 15.12.2016)
Наводи
Категорија:Материјали Категорија:Амбалажни материјали Категорија:Диелектрици Категорија:Аморфни супстанции Категорија:Вајарски материјали