Чарлс Роберт Дарвин (; – ) — англиски природонаучник кој го сфатил и изложил несовладливиот доказ дека сите живи видови еволуираат од заеднички предок, преку процесот кој тој го нарекол природна селекција.As Darwinian scholar Joseph Carroll of the University of Missouri–St. Louis puts it in his introduction to a modern reprint of Darwin's work: "The Origin of Species has special claims on our attention. It is one of the two or three most significant works of all time—one of those works that fundamentally and permanently alter our vision of the world....It is argued with a singularly rigorous consistency but it is also eloquent, imaginatively evocative, and rhetorically compelling." Фактот дека еволуцијата настанува, е прифатена од страна на научната заедница и поголем дел од народот за време на неговото живеење, додека неговата теорија на природна селекција доаѓа до таа точка да биде широко прифатена како основно образложение на процесот на еволуција во 1930-ите, и сега ги образува основите на модерната еволуциона теорија. Во изменета форма, Дарвиновото научно откритије е изедначувачка теорија на животните науки, овозможувајќи логично објаснување на разновидноста на животот.The Complete Works of Darwin Online - Biography. darwin-online.org.uk. Посетено на 2006-12-15

Почетниот интерес за природата го натерал Дарвин да го запостави своето медицинско образование на Единбуршкиот Универзитет, и наместо тоа тој помагал при истражувањето на морските безрбетници. Неговата страст кон природните науки била охрабрена од студиите на Универзитетот на Кембриџ. Петгодишното патување со „Бигл“ го потврдил неговиот статус како еминентен геолог чии набљудувања и теории ги поддржувале униформитарианистичките идеи на Чарлс Лајел, а објавувањето на дневникот што го водел на неговото патување го прославил како автор.

Заинтригиран од географското распределување на дивиот свет и фосилите што ги собрал на неговото патување, Дарвин ја истражувал трансмутацијата на видовите и ја зачнал неговата теорија за природна селекција во 1838 година. Иако разговарал за своите идеи со неколку биолози, му требало време за опширно истражување и неговата геолошка работа била приоритет. Додека ја поставувал својата теорија во 1858 година, Алфред Расел Волес му испратил есеј во кој била опишана истата идеја, на што следело заедничко објавување на двете теории. Делото на Дарвин го утврдило еволутивното потекло со мала модификација како доминантно научно објаснување за разновидноста во природата. Во 1871 година, тој ја проучил човечката еволуција и сексуалната селекција во делото „Потеклото на човекот, и селекцијата според полот“, потоа следело „Изразувањето на емоции кај човекот и животните“. Неговото истражување за растенијата било објавено во неколку тома книги, а во неговата последна книга ги проучувал дождовните црви и нивното влијание врз почвата.

Како потврда за неговото најрано истакнување како научник, Дарвин бил еден од петте личности без кралско потекло што во 19 век биле почестени со државен погреб и погребан во Вестминстерската опатија, во близина на Џон Хершел и Исак Њутн. Дарвин е опишан како една од највлијателните личности во историјата на човештвото

Животот на Дарвин Детство и образование thumb|left|upright|alt=Three quarter length portrait of seated boy smiling and looking at the viewer. He has straight mid brown hair, and wears dark clothes with a large frilly white collar. In his lap he holds a pot of flowering plants|Седумгодишниот Чарлс Дарвин во 1816 г. Чарлс Роберт Дарвин е роден во Шрузбури, Шропшајр во Англија на 12 февруари 1809 година во семејниот дом.. Тој е петто од шесте деца на богатиот доктор и финансиер Роберт Дарвин и Сузан Дарвин (моминско презиме Веџвуд), внук на Еразмус Дарвин по таткова линија, и Џозија Веџвуд по мајчинска линија.

Двете семејства биле унитаристи, иако семејството Веџвуд полека го усвојувале англиканството. Роберт Дарвин, кој потајно се прокламирал како човек со слободни размислувања (атеист), го крстил бебето Чарлс во Англиканска црква, но Чарлс и неговите браќа и сестри оделе во унитаристичката капела со нивната мајка. Осумгодишниот Чарлс веќе пројавил интерес за природонауката и колекционерството кога почнал да посетува дневно училиште кај својот проповедник во 1817 година. Неговата мајка починала во јули истата година. Во септември 1818 година тој почнал да го посетува англиканското училиште кое било во близина заедно со неговиот постар брат Еразмус.

Во 1825 година, Дарвин го поминал летото како доктор во пракса, помагајќи му на неговиот татко да ги лекува сиромашните луѓе во родното место, пред да замине на Единбуршкиот Универзитет во училиште за медицина со неговиот брат Еразмус во октомври 1825 година. Предавањата му биле досадни, а хирургијата стресна, па затоа ги запоставил студиите. Научил таксидермија од Џон Едмонстон, ослободен црн роб кој го придружувал Чарлс Вотертон во јужноамериканските дождовни шуми, и често бил во друштво на овој „многу пријатен и интелигентен човек“.

За време на втората година, Дарвин се зачленил во Плинианското Друштво, студентска група за природонауката чии дебати застранувале кон радикален материјализам. Му помагал на Роберт Едмонд Грант во истражувањата за анатомијата и животниот циклус на морските Безрбетници и на 27 март 1827 година го презентирал своето лично откритие дека црните спори кои може да се најдат во школките на остригите се јајца на еден вид пијавици. Во еден наврат, Грант ги пофалил идеите за еволуција на Жан-Батист Ламарк. Дарвин бил воодушевен, но не толку одамна тој прочитал слични идеи од неговиот дедо Еразмус и останал воздржан. Предавањата за природонауката кои ја опфаќале геологијата што ги држел Роберт Џејмисон му биле досадни, вклучувајќи ја дебатата помеѓу нептунизмот и плутонизмот. Учел за класификацијата на растенија, и помагал во работата со колекциите на Универзитетскиот музеј, еден од најголемите музеи во Европа во тоа време.

Запоставувањето на медицинските студии му пречело на неговиот татко, кој го пратил на Христовиот Колеџ во Кембриџ, за диплома која ќе го означи првиот чекор кон станување на англикански свештеник. Бидејќи не бил доволно квалификуван за свештеник од повисок ранг, тој се запишал на студиите за обична диплома во јануари 1828 година. Повеќе сакал јавање и пукање отколку студирање. Неговиот братучед Вилијам Дарвин Фокс го запознал со популарното лудило за колекционирање на бубачки кое Дарвин почнал ревносно да го практикува, а некои од неговите откритија биле објавувани во „Илустрациите на Британската ентомологија“. Станал близок пријател и следбеник на професорот по ботаника Јон Стивенс Хенслоу, и се запознал со многу други водечки природонаучници кои на научната работа гледале како на природна теологија, и меѓу овие луѓе станал познат како „човекот што се дружи со Хенслоу“. Дарвин се сосредоточил на своите студии кога дошло време за испити, и бил воодушевен од јазикот и логиката на делото на Вилијам Пејли „Докази за христијанството“. Добро поминал на последното испитување во јануари 1831 година, и бил десетти по ред од вкупно 178 кандидати за дипломата.

Дарвин морал да остане на Кембриџ до јуни. Учел за природната теологија, која расправала за божествениот дизајн во природата, објаснувајќи ја адаптацијата како дејствување на Бог преку законите на природата. Ја прочитал новата книга на Џон Хершел во која била опишана највисоката цел на природната филозофија како сфаќање на таквите закони преку индуктивно расудување врз основа на набљудување, и книгата на Александар Вон Хумболдт „Личен наратив на научни патувања“. Поттикнат со голема желба за придонес, по дипломирањето Дарвин планирал да го посети Тенерифе со неколку соученици за да ја проучуваат природонауката во тропските предели. Како дел од подготовките, тој се запишал на курс по геологија воден од Адам Сеџвик, и летото отишол со него на две недели за да документираат слоеви во Велс..

Патешествието на „Бигл“ thumb|upright=1.8|Патот на „Бигл“ околу светот, 1831–1836 После поминатата недела со пријатели во Бармаут, се вратил дома и добил писмо од Хенслоу во кое го предлага Дарвин за соодветен (иако недипломиран) биолог како придружник со самофинансирање на Роберт Фицрој, повеќе како придружник отколку како обичен колекционер, на бродот „Бигл“ кој требало да замине за четири недели на експедиција за мапирање на крајбрежјето на Јужна Америка. Неговиот татко се противел на планираното двегодишно патување, нарекувајќи го губење време, но бил убеден од неговиот сват Џозија Веџвуд да се согласи за учеството на син му.

Почнувајќи на 27 декември 1831 година, патувањето траело скоро пет години и како што Фицрој планирал, Дарвин го поминал поголемиот дел од тоа време на копно, истражувајќи ја геологијата и правејќи колекции за природонауката, додека „Бигл“ го надгледувал и мапирал крајбрежјето. Внимателно ги бележел своите набљудувања и теоретски шпекулации, и во интервали за време на патувањето ги праќал примероците до Кембриџ заедно со писма во кои имало и копии од неговиот дневник, за семејството. Имал некаква стручност од областа на геологијата, собирањето бубачки и дисецирање на морски безрбетници, но бил почетник во сите други области и собирал примероци за проценка од експертите. Иако пател од морска болест, Дарвин пишувал обемни белешки и додека бил на бродот. Повеќето од неговите белешки за зоологијата биле за морските безрбетници, почнувајќи од планктоните кои ги собирал.

На нивната прва посета на брегот на Св. Јаго, Дарвин открил дека има морски школки во белиот појас високо на вулканските карпи. Фицрој му го дал првиот том од „Начела на геологијата“ од Чарлс Лајел, дело во кое биле утврдени униформитарианските концепти за наталожувањето и ерозијата на земјени слоеви во огромни временски периоди, и Дарвин почнал работите да ги согледува според тој концепт, создавал теории и мислел да напише книга за геологија. Бил воодушевен од тропските шуми во Бразил, но го презирал ропството.

Во Пунта Алта во Патагонија Дарвин го имал своето прво големо откритие на фосилни коски од големи изумрени цицачи во карпите покрај модерните морски школки, што укажувало на неодамнешно изумирање со никакви знаци на промена во климата или природна катастрофа. Тој го идентификувал помалку познатиот мегатериум со помош на еден заб и неговата поврзаност со коскест оклоп кој на прв поглед наликувал на џиновска верзија на оклопот на локалните оклопници (армадили). Пронајдоците привлекле голем интерес кога стигнале во Англија.

На патувањата со гаучосите во внатрешноста на земјата да ја истражува геологијата и да собере повеќе фосили, Дарвин се здобил со социјален, политички и антрополошки увид во животот на домородците како и на колонијалистите во време на револуција, и научил дека два вида на реа имаат различни територии, но територии што се поклопуваат. Подолу на југ видел рамнини на шиндра и школки во вид на издигнати плажи со знаци од неколку издигнатини. Го прочитал вториот том од книгата на Лајел и го прифатил неговото гледиште за „центри на создавање“ на видовите, но неговите откритија и теории ги предизвикале идеите на Лајел за хомоген континуитет и за изумирањето на видовите.

thumb|left|Како што „Бигл“ се приближувал до бреговите на Јужна Америка, Дарвин теоретизирал за геологијата и исчезнувањето на џиновските цицачи.