Од денес за утре — македонска телевизиска серија создадена од Иво Лауренчиќ, која се емитувала на Сител телевизија. Во серијата се работи за фиктивното семејство Броз, просечно македонско семејство од средната класа кое се обидува да ги преживее секојдневните проблеми и неочекувани настани. Својата премиера ја имаше на 3 октомври 2010.

Глумечка екипа Сенко Велинков го толкува главниот лик Томче „Трикотажа“ Броз, поранешен директор на пропадната фирма за трикотажа, Билјана Беличанец-Алексиќ ја толкува неговата жена Цветанка, професорка по историја, Влатко Илиевски и Ана Стојаноска ги играат нивните деца, Бојан и Калина Броз, соодветно.

Сценскиот глумец, Јовица Михајловски го толкува ликот на Ал Капоне, со Марко Чаласан во улогата на неговиот син. Глумецот Диме Илиев го толкува ликот на Боге, братот близнак на Томче. Глумиците Јасмина Поповска и Ленче Делова сестрите Пепи и Ружица, соодветно. Глумецот Митко Апостоловски го толкува Сајо, сосед на семејството Броз и Ѕвезда Ангеловска ја толкува Софи, секретарката на Томче. Шусјин Дунг, како специјална гостинка од Кина ја игра На Ли, студентка и љубовен интерес на Бојан.

Сенко Велинов - Томче Билјана Беличанец-Алексиќ - Цветанка Диме Илиев - Боге Ленче Делова - Ружица Митко Апостоловски - Сајо Влатко Илиевски - Бојан Ана Стојановска - Калина Ѕвездана Ангеловска - Софи Јовица Михајловски - Ал Капоне Јасмина Поповска - Перуника Марко Чаласан - Марко Марко Трпески - Петар Мишко Барзов - Поп Владо Бранко Ѓорчев - Адвокат Зиба Радончиќ - Судијка Александар Микиќ - Доктор Владимир Лазовски - Јован Славица Јовановска - Газдарицата Кица Ивковска Велјановска - Жена 1 Маја Вељковиќ-Пановска - Жена 2 Горан Јовановски - Младо момче Гораст Цветковски - Келавец Викторија Анѓушева - Жена од киоск Видосава Грубач - Мими Владимир Ендровски - Психијатар Марина Поп Панкова - Затвореничка 1 Соња Каранџуловска - Затвореничка 2 Жаклина Стевковска - Жена стражар

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Информации на мрежно местото на телевизијата

Категорија:Македонски телевизиски серии