Антонио Петров е германски архитект, теоретичар, куратор и професор на бостонскиот универзитет „Харвард.“ Потекнува од демиркапиското село Бистренци и во Македонија е актуелен поради учеството на неколку архитектонски форуми како и на тој на проектот Скопје 2014. Во САД работи на полето на историјата и теоријата на архитектурата и урбаниот и дигитален дизајн. Животопис

Петров е роден во Германија од родители Македонци. Неговиот татко е роден во Бистренци и со неговата мајка живееле во Демир Капија. После дипломирањето во Германија, тој живеел во Турција, Шпанија и во Франција и на крај во Чикаго, САД, каде ги завршил магистерските студии како стипендист на Фулбрајт. Тој има дипломи за надворешна трговија, архитектура и урбан дизајн од Германија и магистратура архитектура на Институтот за технологија во Илиноис. Неговиот докторат е на тема „(не)материјалноста и просторното присуство на мега и метацрквите во Северна Америка“. Тој, исто така е член на одборот на директори на „Extension Gallery“ во Чикаго и е директор на WAS, интердисциплинарна пракса на архитекати, урбанисти и графички дизајнери, со студија во Чикаго и Берлин. Добитник е на бројни меѓународни награди во натпревари за дизајн и неговата работа е објавувана и изложувана на повеќе меѓународни манифестации.

Наводи

Надворешни врски

Нудам дискусија за цркви на плоштади во Македонија - Интервју на Вест со Петров

Категорија:Германски архитекти Категорија:Македонски архитекти Категорија:Бистренци Категорија:Македонци од Германија