Атанас Ботев (, ) — македонски ликовен уметник.

Животопис Роден во Скопје, 1973. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрира на истиот факултет во 1999. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на Град Скопје. Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.

Активен е и на полето на графичкиот дизајн: плакат за Скопски џез фестивал, 2005; обвивки за албумите на Пиколомини, Алек Пејовски и НАВ; поштенска марка - 100 години ФИФА; плакат за документарниот филм Ако никој не свири во режија на Ѓорѓи Јаневски; бројни илустрации за детски списанија и книги. Објавувал стрипови и илустрации во списанијата Лифт, Макстрип, Strip No Borders, Маргина, Автор е на сторибордот за филмот Тајната книга во режија на Владо Цветановски, 2002.

Творештво Атанас Ботев е ангажиран автор кој совршено владее со сликарските техники. Ангажираноста и засегнатоста со општествените проблеми на глобален и локален план, како и критичкото преиспитување на општествените вредности во неговите дела, се одлики на неговото творештво. Според образованието графичар, Атанас Ботев поддеднакво владее со графиката, стрипот, цртежот, колажот, сликарските техники и концептуалната практика, до максимум експлоатирајќи ги и комбинирајќи ги нивните можности во рамките на постмодерниот дискурс и неговата автореферентност, наративност, фетишизам, симулација, мас-медиумска иконографија, јукстапозиција, суперреалност. Творештвото на Атанас Ботев е авторски одговор на агресијата на стварното. Неговите слики полемизираат со актуелните политички и културни состојби. Неговиот сликарски свет се конституира како резултанта на судирот меѓу две сили -дезинтеграцијата (политичка, културна, религиска, сексуална, национална...) и интеграцијата (глобализација, мултикултура, мултиконфесионалност, транссексуалност, Нов Светски поредок...).

Изложби Самостојни изложби: 2014 - Цетиње, Црна Гора, Црногорска галерија на уметноста „Миодраг Дадо Ѓуриќ“„Ботев и Башески изложуваат во Цетиње“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 23. 2012 - Скопје, Луцидно синестетички дијалог, Галерија „Око“ 2010 - Скопје, Deus Sex Machina, Музеј на Град Скопје; Нирнберг, Германија, Der Kreis Gallery 2008 - Скопје, Што не е деконструкција...?, Културно информативен центар 2007 - Скопје, An Apple a Day Keeps the Doctor Away, Press to exit project space 2006 - Њујорк, Вид(ови), @MC Gallery# 2005 - Скопје, Музеј на Град Скопје 2003 - Скопје, Вид(ови), Културен центар - Точка 2000 - Скопје, Отворено графичко студио

Исто така, Ботев учествувал на бројни групни изложби во земјава и во странство.

Награди 2012 - Награда Остен, 40 Светска галерија на цртеж - Остен 2006 - Годишна награда за млад ликовен уметник Денес 2006 - Награда од спонзорите на 4 Меѓународен салон на стрип Белград 1996 - Годишна награда на факултетот за ликовни уметности во Скопје 1996 - Награда 26 Јули од фондацијата на Франк Харкорд Манинг

Работилници, artist in residence и симпозими 2010 - На покана на Универзитетот од Чикаго учествува на симпозиум на тема: New Histories of Modern Art – The Eastern Europian Avant – Gardes 2009 - Работилница со Јута Бауер, Гете институт, Белград 2008 - Престојува во Санта Фе (Њу мексико) каде што започнува нов циклус на слики насловен Луцидно синестетички дијалог 2006 - Престој во Cite International des arts, Париз 2006 - YVAA (Young Visual Artist Award),ISCP (International studio&curatorial program) artist in resident, Њујорк

Публикации / биографија П(наводи), Отворено графичко студио, 2000 (брошура; Конча Пирковска) Комбинирање на клонираното, (Форум, бр. 78, 2001, магазин; Зоран Бојаровски) Телото мисли, Отворено графичко студио, 2002 (каталог; Сузана Милевска, куратор) Вид(ови), Културен центар Точка, 2003 (брошура; Сузана Милевска, куратор) Стрип, Томислав Османли (издавач: Култура, 2004) Концептуализација на манифестното, Музеј на Град Скопје, 2005 (каталог; Александар Станковски) 7Биенале на млади уметници, Музеј на современа уметност, 2005 (Големото стакло бр.19/20, 2005, списание за уметност; Ана Франговска) Човекот што ги обединува спротивностите (Неделно време, бр. 356, 2005, списание; Наташа Бунтевска) Кулиси на зачудноста (Форум, бр.33, 2006, магазин; Влатко Галевски) Македонскиот стрип, (Арт република бр.6, 2006, списание за уметност; Владимир Величковски) Мала ноќна музика (и други цртачки ониризми и лудила), Мала станица-Национална галерија, 2006 (брошура; Никола Гелевски) За современиот македонски стрип (Стрипбурек, стрип списание, 2007; Иванка Апостолова) За уметноста...и здравството (Утрински весник, 2007; Златко Теодосиевски) Супер(х)ХЕРОС, Мала станица -Национална галерија, 2008 (каталог; Соња Абаџиева, куратор) Уметноста во времето на телевизијата, билбордите и тероризмот, Културно информативен центар, 2008 (каталог, Соња Абаџиева) Уметничко-политичка контроверза со ефект, (Време, 2008; Александра Бубевска) Исповед низ алегории (Вест, 2008, Соња Абаџиева) Што не е деконструкција?, (Дневник, 2008, Надица Смилевска) Уметност со став и порака, (Нова Македонија, 2008, Владимир Величковски) Ватра, Галерија Фонтикус (Хрватска), 2009 (ЦД-ром каталог; Еуген Борковски, куратор) Ликовната уметност на почвата на Македонија на XX век, (Зборник на текстови; Издавач: МАНУ, 2009; Владимир Величковски)

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Од националната ризница, македонско сликарство: Атанас Ботев - краток документарен филм Уметникот Атанас Ботев во Санта Фе, Ново Мексико: Спокоен вестерн, зачинет со чили и отворен за сите уметности - Вест, 10 ноември 2010 Ботев изложува дела во Германија - Дневник, 19 април 2010 (англиски, пренесено преку culture.in.mk) Протестирам со уметничко дело, не со транспарент - интервју во Нова Македонија, 9 април 2010 Сликарство со став и порака - кон изложбата на Атанас Ботев во Културно-информативниот центар во Скопје, Владимир Величковски, Вечер, 3 мај 2008 Транзициската реалност е податна за ангажирана уметност - интервју во Утрински весник, 1 јуни 2007 Осврт кон изложбата An Apple a Day Keeps the Doctor Away (англиски) За уметноста... и за здравството - кон проектот на Атанас Ботев во Галеријата „Прес то егзит”, Златко Теодосиевски, Утрински весник, 25 мај 2007 Осврт кон делото WWW.MARKOS.COM (англиски) Атанас Ботев е прогласен за најдобар млад уметник - Вест'', 22 јуни 2006 YVAA (англиски)

Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски автори на стрипови Категорија:Луѓе од Скопје