Ричард Хенри Дана (1 август 1815-6 јануари 1882) бил американски писател и адвокат.
Животопис Тој е роден на 1 август 1882 во Кембриџ, Масачусетс, САД. Поради слабиот вид решил да го напушти колеџот Харвард, а потоа испловил како обичен морнар; по заздравувањето повторно се вратил и станал адвокат. Бил запомнет по своето автобиографско дело, „Две години пред катарката“ (Two years before Mast) (1840) каде што зборува за маките на морнарите. „Пријателот на морепловците“ (The Seaman's Friend) (1841) прераснала во авторитативен прирачник во врска со легалните права и обврски на морнарите. Исто така, тој бил автор на учебното издание на Витоновите основи за меѓународното право (1866) давајќи бесплатна правна помош за робовите-бегалци. Ја извршувал функцијата на државен адвокат за територијата на Масачусетс.Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 3, стр. 33
Наводи
Категорија:Родени во 1815 година Категорија:Родени на 1 август Категорија:Починати во 1882 година Категорија:Американски писатели Категорија:Починати од грип