Црквиште — остаток од црква од доцниот среден век во тетовското село Туденце. Наоѓалиштето лежи југоисточно од селото на местото нарекувано Бучало (во минатото Црквиште), на мала височинка со зарамнето плато каде се гледаат остатоци од еднокорабна мала црква. Според подоцнажните ископувања се докажало дека наоѓалиштето потекнува од раното христијанство од IV век. Денес на тоа место по поголемите ископувања подигната е манастирска црква посветена на Свети Ѓорѓи Победоносец.

Поврзано

Црква „Св. Ѓорѓи“ - Туденце

Наводи