дясно|мини|250п|Гробот на Тодор Александров, напред во средината Никола Георгиев (1), Георги Вандев (2) и Илија Хаџитошев (3). Никола Георгиев (1880 - 1932) познат и под псевдонимот Велко, бил македонски учител и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Биографиja Георгиев е роден во 1880 година во Радовиш, Османлиското Царство, денес Македонија. Во 1902 година завршува Солунска машка гимназија во Солун.

Потоа, работи како учител во родниот град Радовиш и е избран за член на околискиот револуционерен комитет. После тоа Георгиев завршува право и работи како адвокат во Радовиш и Петрич, а потоа станува градоначалник на двете места.

Осуден е од српските власти на смрт после Првата светска војна. Во 1925 година Никола Георгиев е избран за секретар на Струмичкиот окружен револуционерен комитет. Кон 1930 година е член на Македонското благотворително братство „Христо Матов“ во Петрич.Албумъ-алманахъ "Македония". Софија, 1931.

Умира на 20 јуни 1932 година во Петрич.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. Софија, 2001, стр. 31.

Извори

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Луѓе од Радовиш Категорија:Македонски преселници во Петрич Категорија:Седумнаесетта генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија