Вело Ташовски понекогаш и Вељо или Веле (, - ) ― македонски сликар и универзитетски професор.
Животопис
Ташовски е роден во мијачкото село Осој, во 1949 година. Академија за ликовни уметности завршил во Љубљана, во 1975 година, на одделот за сликарство во класата на професорот Габриел Ступица. На истата Академија завршил и постдипломски студии во 1979 година, а до 1983 година живеел и работел во Љубљана. Во ликовниот живот на Македонија се вклучил во 1984 година, а три години подоцна, тој станал и редовен професор на факултетот за ликовни уметности во Скопје на Одделот за сликарство, каде во периодот од 2002 до 2006 година, тој ја извршувал и функцијата декан. Бил на студиски престои во неколку европски земји и во Соединетите Држави. Бил и член е на ДЛУМ. Починал во 2009 година, во момент кога зад себе ја имал изложбата во галеријата „Форум“ во Загреб.
Изложби
Тој остварил 12 самостојни изложби во Македонија, Словенија и во Германија. Учествувал на многу групни претставувања.
самостојни
1976 Скопје (со Слободан Филовски и Жарко Јакимовски) 1979 Љубљана 1980 Врхника 1980 Ново Место 1981 Скопје 1988 Скопје 1993 Скопје
награди 2005 “Нерешки мајстори”, годишна изложба на ДЛУМ 2005 Гран При, зимски салон на ДЛУМ
Наводи
Надворешни врски
Не сонувам со сликарство да го сменам светот -интервју на Ташовски за Дневник
Категорија:Македонски сликари Категорија:Југословенски сликари Категорија:Луѓе од Осој (Дебарско) Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Добитници на награди за уметност Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски универзитетски професори