Тушимското востание — востание во септември 1902 година во Воденско, Македонија под водство на офицерот Иван Пожарлиев и со содејство на војводата Иван Карасулијата Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет . Двајцата биле дејци на Врховниот комитет и самото востание било резултат на врховистичката провокација во Македонија. Од оваа врховистичка агитација во Воденско, односно во Солунскиот револуционерен округ произлегло Тушимското востание, додека пак во Серскиот и Струмичкиот револуционерен округ дошло до Горноџумајското востание. Тушимското востание не претставува востание во вистинска смисла на зборот бидејќи востаничките сили изнесувале само 40 души, а од друга страна пак населението во тој дел од Македонија не востанало. Но историчарите за да напрвата динстикција меѓу Горноџумајското востани и врховистичката провокација во Воденско последната е наречена како Тушимско востание.
Причини
Навлегување на врховистите
Иван Цончев откако успеал да го заземе Македонскиот комитет во свој раце започнал со праќање на врховистички чети во Македонија.
Веќе во почетокот на 1902 година врховистите ги зазеле Горноџумајско, Малешевско и Петричко, а во останатите делови на Македонија започнале да навлегуваат и други врховистички чети, така што како локален врховистички војвода во Воденско се појавил Вангел Иванов.
Цел
Српскиот дипломатски претставник во Софија кон крајот на март 1902 година, истакнал дека новата врховистичка провокација во Македонија е резултат на судирот кој настанал меѓу поранешното и актуелното раководство на Македонскиот комитет, како и различните погледи за решавање на Македонското прашање. Според него:
Меѓутоа истиот тој српски претставник истакнал дека:
Според Ѓорче Петров:
Планот на ВМОК за востание
Во мај 1902 година Македонскиот врховен комитет подготвил план за востание во Македонија, а тој се состоел од три точки:
а) Стојан Михајловски и Иван Цончев документирано да ја претставаат неподносливата положба на населението во Горноџумајско и Малешевско пред бугарскиот министер за внатрешни работи Људсаков и Радев, а со тоа била побарана дозвола за кревање на востание во Македонија. б) Иван Цончев и Стефан Николов да навлезат во Македонија и да извршат инспекција до реката Вардар, по што ќе одлучеле дали да се крева востание. в) Полковникот Атанас Јанков да навлезе со чета во Битолскиот револуционерен округ Г. Ив. Бьлевъ, Из живота на четить, Ил. Илинденъ, VI/7 (57), София 1934, 12-13.
Агитацијата на Атанас Јанков
лево|мини|140п|Атанас Јанков Полковникот Јанков во Македонија навлегол со чета од 110 души составена претежно од офицери и подофицери од бугарската армија. Со неговото навлегување всушност врховистичката агитација за востание станала реалност.
Атанас Јанков минал низ Џумајско, Малешевско, Гевгелиско, Воденско стигнувајќи до Костурско. Полковникот секаде каде што минувал оставал свој приврзаници и повикувал на востание.
Во средината на август Јанков со својата свита ја минал реката Вардар и се упатил кон Гевгелиско, Ениџевардарско и Воденско.
При преминот на Вардар кај железничкиот мост на еден час растојание од Солун врховистите имале судир со аскерот, во судирот имало ранети и убиени од двете страни.
Османлиите во текот на борбата успеале да запленат неколку документи според кој четниците имале наредба да облекуваат турски воени униформи, да вршат екцеси и тоа да им се препише на Османлиите.
Според веснникот Право по преминувањето на реката Вардар, Атанас Јанков :
мини|лево|350п|Четата на Атанас Јанков Влијанието на Јанков најмногу се почувствувало во Воденско. Таму јанков оставил 54 души кој се поделиле на 4 дела, еден дел раководел Атанас Николов од 12-13 души, тие се упатиле кон селото Тушим, во Пожарско како инструктор бил оставен Тома Пожарлие, во Саракиново бил Ботушаров, а за Островско заминале Карабиберов и Шаламанов.
Планот за врховистичкото востание, полковникот Јанков го претставил пред воденското раководство на ТМОРО. Според него востанието требало да започне на денот на прославата на Шипка. Јанков за Воденско ветил засилување со доаѓањето на офицерите Иван Пожарлиев и Христо Саракинов.
Агитацијата за востание била олеснета од нетактичката мерка на околискиот војвода Шаламнов. Пред да помине Јанков низ Воденско, Шаламанов склучил договор со врховистичкиот војвода Атанас Ников и дошло до обединување на двете чети, а било договорено на чело на здружената чета да стои Атанас Ников како војвода додека пак Шаламанов бил секретар. Кога Јанков дошол во Воденско, Николов четата ја потчинил на полковникот.
Односот на ТМОРО кон врховистичката агитација мини|150п|десно|Апостол Петков и Иван Карасулијата Централниот комитет откако разбрал за Јанковиот план за востание издал наредба во Воденско да заминат четите на Апостол Петков и Аргир Манасиев. Централниот комитет бил на мислење дека ако едно авторитетно лице замине во Воденско тогаш нема да дојде до едно поголемо врховистичко движење во овој реон и тој сакал таму да го испрати Гоце Делчев.
Во меѓувреме Аргир Манасиев заминал во Солун на консултации со Централниот комитет и Пере Тошев. Меѓутоа внатрешните револуционери сега кон врховистичката агитација гледале по релаксирано бидејќи:
Во меѓувреме додека траеле консултациите во Солун дошле раководителите од Саракиново и Пожарско како претставници на 8 воденски села. Тие пред Централниот комитет истакнале дека: Пожарлиев го повикувал населението на востание и дека им се заканувал со смрт на сите што се спротивставувале .
Овие раководители истакнале дека по враќањето во Воденско ќе организираат собрание и ќе побараат Иванчовци или да си заминал или ќе ги разоружаат. Меѓутоа до прествртница на настаните дошло поради непослушноста на Апостол Петков и Павле Кониковски. Тие располагале со чета од 40 души но не сакале сериозно да се судрат со врховистите дури и му се спротивставиле на Аргир Манасиев.
Апостол Петков претходно не сакал да ја изврши наредбата на Централниот комитет, односно не сакал да ја разоружа врховистичката чета на Карасулијата, всушност Постол војвода и Карасулијата склучиле договор за ненапаѓање. Затоа опортунизмот на ениџевардарската чета го олеснил дејствувањето на врховистичките групации во Воденско .
Востание
Врховистичката акција 150п|десно|мини|Иван Пожарлиев. Поводот за започнување на врховистичката акција се случил во селото Тушим на 21 септември 1902 година. Тој ден Иван Пожарлиев во селото ги убил таксилдарот и двајцата жандари кои дошле да ги соберат даноците. По убиството Пожарлиев собрал 20 момчиња. По овој настан во Пожарско, врховистите убиле двјца муслимански дрвари, а двајца раниле без посебна причина. мини|лево|300п|Четата на Иванчо Карасулијата
Пожарлиев успеал насила да собере неколку селани од Бизово, Струпино и Тресино. Таму каде населението не сакало да се подаде на врховистичката агитација, Пожарлиев подпалувал куќи.
Во Сборско Пожарлиев го мачел попот Иван бидејќи тој одел на косултанции во Солун кај Централниот комитет.
Тој пуштил гласини дека ќе биде нападнат градот Воден, а тоа предизвикало паника меѓу Турците. Истовремено биле пуштени гласини дека се подпалени гевгелсиките села Серменин и Конско.
Меѓутоа дошло само до неклоку судири бидејќи четата на Пожарлиев и Карасулијата броела 40 души од кој 20-25 биле селани. Врховистите за ја засилат анархијата подпалиле неколку куќи во Тресино и Струпино, село со мешан етнички состав - Македонци и Турци.
Турските потери започнале да ја гонат врховистричката чета и притоа дошло до судир кај селото Сборско. Во борбата имало загинати од двете страни но четата успеала да се извлече и се повлекла во Пожарските Планини. Таму биле опколени од турската војска.
На опколената врховистичка чета на помош и дошол Павле Кониковски и тој го нападнал аскерот од грб и четата успеала да се повлече. Според гласините во борбата имало околу 40 убиени и ранети од двете страни.
Епилог
Настапување на Турците мини|десно|150п|Иван Карасулијата Поради таквите случувања во Воден биле испратени 200 души аскер, а биле повикани на едномесечна вежба сите воени резервисти од Солунско, Серско, Драмско, Гевгелиско и Кукушко. За Воден бил испратен XVIII стрелечки батлајон, меѓутоа неговиот комадант пред да заминат од солунскиот валија побарал пари но тој одговорил дека нема. Затоа командантот истакнал дека тие наме да се борат.
Во Солун дипломатските претставници сметале дека со наближувањето на зимата четите нема да можат да останат во планините но нема да се вратат ниту во Бугарија и ќе ја предизвикуваат незадоволната војска да изврши масакри со цел да се вмешаат големите сили.
Затоа од Цариград пристигнала наредба аскерот да ги гони четите но да не влегува во борба со нив, а борбите да ги води жандармеријата. Солунксиот валија Хасан Фехми паша сметал дека состојбата во Воденско е резултата на свеченоста на Шипка и таа прослава Врховниот комитет сака да ја искористи за го убеди населението дека зад востанието стои Русија.
Валијата сметал дека по завршувањето на прославата движењето ќе замре. Според неко Врховниот комитет со оваа постапка изгубил многу бидејќи населението ќе се увери дека нема да добие ништо и во иднина нема да оди по него.
Турските власти разбрале дека селаните од Тушим и Сборско се насилно во вовлечени во четите за да се предизвика востание. Затоа гонењето на побегнатите селани било ограничено. Алај-паша до избеганите селани испратил повик во кој истакнал:
Задушување на востанието
На 25 септември 1902 година селаните се предале. Тие тоа го направиле поради понудената амнестија но на тоа биле потикнати и од страна на Иван Пожарлиев кои ја увидел безизлезната состојба. По предавањето на селаните врховистичката чета на Пожарлиев била пресретната од чета на ТМОРО и се повлекла кон Костурско. Пожарлиев поради неуспехот во Воденско се решил на предавство. Тој се обидел да ги предаде на власта имињата на 11 раководители на ТМОРО, но писмото не стасало до властите. Поради ваквите настани Кирил Прличев во едно писмо до воденското раководство истакнал:
Последици
Последиците од ваквото врховистичко движење се почувствувале во поголемиот дел на Солунскиот револуционерен округ, а посебно во Воденско. Четата на ТМОРО во Воденско се распаднала, Шаламанов успеал да им избега на врховистите но не и да им се спротивстави, Греков со 4 души се отцепил така што четата се свела на 4 четници на чело со некој Лазо.
Најголемите последици ги почувствувало населението. Селаните од Тушим и Сборско по предавањето, иако им била ветена амнестија, биле гонети. 42 селани од Тушим и 8 од Сборско биле уапсени и спроведени во Воден. По пат тие биле мачени и тепани, а тушимскиот поп со двајца селни исчезнале. Се појавила гласина дека тие биле тајно закопани. Други 20 души биле одведени во Ениџевардарско, а во Сборско биле обесчестени сите жени.
Селните од Сборско по враќањето во селото увиделе дека целата покуќнина им била однесена од страна на муслиманите. Тие се пожалиле кај селскот мудир, кај кајмакамот во Воден и кај солунскиот валија. Тие го замолиле валијата да им биде вратена покуќнината бидејќи децата ќе им умрат од глад и студ. На крајот истакнале дека ништо друго не им останува друго:
Сепак власта сите уапсени селни ги ослободила освен оној во чија куќа бил убиен таксилдарот. Особена жестоко при гонењата се покажале жандармите составени од Геги и затоа англискиот конзул побарал тие да бидат заменети со редовна војска.
Извори
Категорија:Македонски востанија Категорија:Врховистички востанија