Националната портретна галерија () — уметничка галерија во Лондон со значајна збирка на портрети од истакнати Британци низ историјата. Ова е најстарата портретна галерија во светот, отворена во 1856 г. Во 1896 г. галеријата е преместена во сегашните простории на улицата Сент Мартинс Плејс (St Martin's Place), веднаш до Трафалгарскиот плоштад, во продолжение на Националната галерија. Низ годините галеријата е проширувана, и има разни ограноци во земјата кои главно изложуваат аристократски портрети. Националната портретна галерија е државна јавна установа под покровителство на Министерството за култура, медиуми и спорт.

Збирка Во глаеријата се сместени портрети на познати и историски важни Британци, одбрани според значајноста на претставената личност, а не на уметникот. Покрај слики, цртежи и скулптури, галеријата има и фотографии и карикатури. Секоја велика земја мора да има своја портретна галерија Една од најпознатите изложени слики е т.н. „Чандоски портрет“, најпознатиот портрет на Вилијам ШекспирНационална портретна галерија | Актуелности | Во потрага по Шекспир (иако постојат извесни сомнежи дали претставениот е навистина Шекспир).

Не сите портрети се уметнички извонредни како дела, но има автопортрети од Вилијам Хогарт, Џошуа Рејнолдс и други истакнати британски сликари. Некои од нив, како собирот во Сомерсетскиот Дом во 1604 претставуваат важни историски документи сами за себе. Напати, љубопитната вредност на делата е поголема од уметничката, како кај анаморфниот портрет на Едвард VI од Вилијам Скротс, портретот на Шарлота, Емили и Ана Бронте насликан од брат им Бренвел, или пак скулптурата на кралицата Викторија и принцот Алберт во средновековна облека. Во 1969 за првпат е дозволено изложувањето на портрети на живи личности. Покрај постојаните поставки на историски портрети, галеријата изложува и современи дела, приредува портретни изложби на поединечни уметници и го води наградниот конкурс за портрети на БиПи (BP).

Фасадни бисти Покрај трите бисти на основачите на музејот, надворешноста на двата најстари објекта од 1896 е украсена со бисти на истакнати портретисти, биографи и историчари. Бистите се дело на Фреферик Томас и на нив се претставени Џејмс Грејнџер, Вилијам Фејторн, Едмунд Лоџ, Томас Фулер, Ерлот од Кларендон, Хорас Волопол, Ханс Холбајн Помладиот, Антонис Ван Дајк, Питер Лели, Годфри Нелер, Луј-Франсоа Рубијак, Вилијам Хогарт, Џошуа Рејнолдс, Томас Лоренс и Френсис Легат ЧантриИсторија на Националната портретна галерија. пристапено на 26 мај 2008 .

Поврзано Национална галерија (Лондон) Краличина галерија

Наводи

Литература Hulme, Graham, The National Portrait Gallery: An Architectural History, National Portrait Gallery Publications, 2000, ISBN 1855142937

Надворешни врски

OОфицијална страница на Националната портретна галерија Историја на Националната портретна галерија Целосен илустриран каталог „Национална портретна галерија: Посетителски водич“ од Џон Купер (изд. 2006) Пребарување на збирката

Категорија:Ликовни музеи и галерии во Лондон Категорија:Музеи во Вестминстер Категорија:Лондонски знаменитости од I класа