Таупо (, или ) — езеро на Северниот Остров на Нов Зеланд. Со површина од 616 км², ова е најголемото езеро во Нов Зеланд и воопшто во Океанија.

Таупо има обиколка од околу 193 километри, а најголемата длабочина изнесува 186 метри. Езерото се празни во реката Ваикато (најдолгата во земјата), а поважни притоки се Ваитахануи, Тонгариро и Тауранга Таупо. Познато е по богатиот рибен фонд од речна и калифорниска пастрмка (донесени во XIX век).

Образување на езерото и вулканизам мини|лево|Местоположба на езерото Езерото Таупо е сместено во калдера (вдлабнатина) создадена со супервулкански избув која се случила пред околу 26.500 години. Според геолошките наоди, вулканот избувнал 28 пати во последниве 27.000 години. Исфрлениот материјал главно се состоел од риолитна лава, со исклучок на извесно количесто на дацитна лава која ја создала блиската планина Таухара.

Тука се случила најголемата вулански избув во историјата на светот. Избувот исфрлил 1.170 кубни километри материјал и со тоа околното подрачје од неколку стотини квадратни километри пропаднало и создало калдера. Подоцна калдерата се наполнила со вода, која потоа се преплавила и создала огромна одливна поплава.

Во меѓувреме се случиле неколку покрупни ерупции, пред последниот избув во 180 г н.е. Се смета дека со овој избув се исфрлени 100 кубни километри материјал, од кои 30 кубни километри биле исфрлени за само неколку минути. Ова е една од најбурните ерупции во последните 5.000 години, со показател на вулканска избувност од 7. Столбот на избувот бил двојно повисок од оној на Сент Хеленс во 1980, а пепелта го заруменила небото над Рим и Кина. Најголемиот дел од Северниот Остров бил разорен. Последниот избув на Таупо се случил во 210 г. н.е. Овој избув ги создал гребените Хороматанги, но и покрај тоа, тој била многу послаб од оној во 180 г. н.е..

Избувот од 180 г. н.е. е една од најголемите во пишаната историја. Ефектите на оваа појава врз небото и залезот се запишани во книгите на римските и кинеските набљудувачи од тоа време. Можно е да имало и климатски последници врз јужната полутопка.Climate, History and the Modern World, Lamb,H. (1995), Routledge

Подводната хидротермална активност продолжува и понатаму, близу отворот Хороматанги,, но во моментов вулканот се смета дека мирува (но не и дека е изгаснат).

Жив свет Голем дел од подрачјето на езерото Таупо е шумовито, каде е најзастапена буката и ногоплодните дрва, со придружни папратници сочинети од видовите Blechnum filiforme, Asplenium flaccidum, Doodia media, Hymenophyllum demissum, Microsorum pustulatum и Microsorum scandens, како и честак од видовите Olearia ranii и Alseuosmia quercifolia.C. Michael Hogan. 2009. Crown Fern: Blechnum discolor, Globaltwitcher.com, уред. N. Stromberg

Автохтони животниски видови во езерото се ендемските ракови коура (Paranephrops planifrons) и ситните риби кокопу (Galaxias). Езерото е има богат рибен фонд од речна пастрмка (Salmo trutta) и калифорниска пастрмка (Oncorhynchus mykiss) донесени од Европа и Калифорнија кон крајот на XIX век. Донесени се и кркушки како храна за пастрмките.

Околу геотермалните отвори живеат сунѓери и придружни безрбетници.

Туризам

мини|300п|десно|Сателитска снимка на езерото Таупо (НАСА)

Туризмот е главна стопанска гранка во регионот, со над 1,2 милиони посетители годишно. Најпрометно време за угостителските објекти е летниот период, околу Божиќ и Нова Година.

Езерското подрачје се одликува со блага клима. Максималната дневна температура се движи од 24 °C (јануари) до 15 °C (јули), а ноќната од 16 °C (лето) 5 °C (зима). Највеќе врнежи има во текот на летото.База на GHCN - Годардов институт за вселенски изучувања

Таупо е домаќин на велосипедски маратон околу езерото кој трае од четири до десет часа. Највеќето учесници се жители на гратчето Таупо. Популарна туристичка активност е и падобранството.

Поврзано Таупо Список на езера во Нов Зеланд Список на вулкани во Нов Зеланд

Наводи

Надворешни врски

Големо езеро Таупо — официјален посетителски информатор Мрежно место на Туранги и езерото Таупо Езеро Таупо, Регионален совет на Ваикато Подрачјето на езерото Таупо, Служба за заштита на природата

Категорија:Вулкани во Нов Зеланд Категорија:Езера во Нов Зеланд Категорија:Кратерски езера Категорија:Ваикато Категорија:Супервулкани