Горноџумајското востание започнало во септември 1902 година и ги зафатило териториите од левата и десната страна на реката Струма.Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет Организатор на востанието бил Врховниот македонски комитет на чело со Стојан Михајловски и Иван Цончев, кои дејствувале со согласност на бугарската влада и кнезот Фердинанд I. Бидејќи населението во Македонија не востанало, Горноџумајското востание не претставува востание во вистинска смисла на зборот. Оваа раздвижување во Македонија придонело да дојде до една реформска иницијатива која е позната како Февруарски или Падарски реформи. Најголемата последица од врховистичкото движење е што тоа во голема мера влијаело да дојде до предвремено кревање на Илинденското востание.
Причини
Навлегување на врховистите Иван Цончев, откако успеал да го заземе Македонскиот комитет во свој раце, започнал со праќање на врховистички чети во Македонија.
Кон крајот на 1901 и почетокот на 1902 година врховистите ги зазеле Горноџумајско, Малешевско и Петричко, а во останатите делови на Македонија врховистички чети ја продолжиле својата пенетрација.
Врховистичката пенетрација најсилно се почувствувала во Серскиот и Струмичкиот револуционерен округ. Овие два округа се граничеле со Бугарија од каде што доаѓал врховизмот, врховистичката акција била координирана од еден центар и претставува единствен процес во двата реона. Во текот на првата половина на 1902 година врховистите ја продолжиле својата агитација кај населението и борбата со ТМОРО за контрола на териториите. Врховистите при својата агитација се користеле со закани, присила и предавства. Иван Пашалијата во едно свое писмо од 11 март 1902 година истакнал:
Дончо Златков бил уште повеќе дрзок, тој во едно писмо до еден пограничен раководител на ТМОРО му пишал: Господин Z... да ги советуваш пријателите да не пречат на работата, да не ги мамите селаните да се колебаат, зашто некоја вечер ќе заспиеш и не ќе се разбудиш... јавно ви велам дека ќе ви дојдам во градот, та сите... ќе ве пратам во Подрум Кале .
Ваквите закани станувале реалност. Алекса Поројлијата на 11 мај 1902 година испратил писмо до мудирот од село Долно Порој во кое истакнал: Уќуматот ги бара и преследува комитите по планините... Четите не се по планините, туку под носот на власта. Како такви ги посочил Лука Поп Теофилов, Димитар Атанасов, Атанас Ников во Сер, учителот Динков во Баракли Џумаја и учителите Трушков и Динев во Петрич... Тие ја вознемируваат земјата. Тие се вистински комити, кои и мене ме направија таков . Во наредниот период врховистичкото движење продолжило и својата кулминација ја достигнува со Горноџумаксото востани и т.н Тушимско востание.
Цел дясно|мини|Мемоар на ВМОК до бугарската влада од 1901 година, потпишан од Стојан Михајловски, Иван Цончев и Стефан Николов Српскиот дипломатски претставник во Софија, кон крајот на март 1902 година истакнал дека новата врховистичка провокација во Македонија е резултат на судирот кој настанал меѓу поранешното и актуелното раководство на Македонскиот комитет, како и различните погледи за решавање на Македонското прашање.
Според него: Сарафов и неговите приврзаници, кои ја држат во раце Внатрешната револуционерна организација, не криеја дека сакаат своето дејствување да го одделат од династичките интереси на кнезот Фердинанд, кој секогаш настојуваше тајно да раководи со комитетскиот ред, на тој начин спроведувајќи ја големата бугарска идеја, за да ја зачува и зголеми својата популарност АМ, ПО, мф. 454, пп. бр. 1109, 27.03.1902.. Истиот тој српски претставник истакнал дека:
Според Ѓорче Петров:... востанието на Цончев било со поддршка на кнезот (Фердинанд б.н) со две цели: 1. Да се испрати еден фишек за да може подготвуваното востание од Организацијата, да се искористи на дипломатски план. 2. Владата на Радославов на лесен начин да го привлече патриотскиот елемент на своја страна, за да го искористи во партиски цели, без да мисли дека е можно едно сериозно востание Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција, (вовед, коментар и редакција Љубен Лапе), Скопје, 1984..
Подготовки
Планот на ВМОК за востание десно|350п|мини|Повик до Македонците од Анастас Јанков
Во мај 1902 година Македонскиот врховен комитет подготвил план за востание во Македонија, а тој се состоел од три точки:
а) Стојан Михајловски и Иван Цончев документирано да ја претстават неподносливата положба на населението во Горноџумајско и Малешевско пред бугарскиот министер за внатрешни работи Људсаков и Радев, а со тоа била побарана дозвола за кревање на востание во Македонија.
б) Иван Цончев и Стефан Николов да навлезат во Македонија и да извршат инспекција до реката Вардар, по што ќе одлучеле дали да се крева востание.
в) Полковникот Атанас Јанков да навлезе со чета во Битолскиот револуционерен округ Г. Ив. Бьлевъ, Из живота на четить, Ил. Илинденъ, VI/7 (57), София 1934, 12-13.
Мисијата на полковникот Јанков
лево|мини|140п|Атанас Јанков Во јуни 1902 година Јанков се нашол од десната страна на реката Струма. Таму врховистите веќе ја започнале борбата со силите на ТМОРО, а со минувањето на Јанков состојбата уште повеќе се усложнила.
Додека полковникот Атанас Јанков се наоѓал таму, Тодор Саев и Иван Пашалијата му поставиле заседа на Христо Чернопеев, а во судирот имало неколку ранети. Како се доближувало времето за кревање на врховистичкото востание, ТМОРО на десната страна на Струма префрлила дополнителни сили но таквото засилување било задоцнето. Атанас Јанков својата свита ја поделил на три дела и тие агитирале во Струмичко, Радовишко и Петричко дека востанието ќе биде објавено во август.
Со оваа агитација врховистите успеале да привлечат голем број на села и да си ги зацврстат позициите во Горноџумајско, Малешевско и Петричко. Јанков својот поход го продолжил кон Струмичко, а по неговото поминување таму се заилил врховистичкиот војвода Алекса Поројлијата, а тој својата дејност ја насочил на запад кон Дојранско и Струмичко.
Средба на Цончев со Елиот
Пред одржувањето на Х македонски конгрес Цончев имал разговор со англискиот дипломатски претставник Елиот. Од него сакал да го разбере каков ќе биде ставот на големите сили доколку дојде до востание во Македонија.
Цончев истакнал дека Врховниот македонски комитет отсекогаш се залагал за мирољубиви средства меѓутоа дека многумина сметат дека ослободувањето на Македонија не може да стане без пролевање на крв. За да ја отфрли одговорноста од себе, Цончев истакнал дека доколку водачите во Македонија одлучат за востание, тогаш Врховниот македонски комитет нема да може да спречи движењето.
Елиот во овој разговор истакнал дека големите сили ќе дадат слобода на Османлиското Царство да го задушат востанието, а Цончев и покрај таквиот став истакнал дека луѓето се очајни и доколку се даде сигнал за востание, Комитетот нема да може да ги одврати.
Ставот на бугарската влада лево|мини|150п|Стојан Михајловски Една недела пред одржувањето на Х македонски конгрес бугарската влада подготвила план. Бугарскиот министер за внатрешни работи Александар Људсканов во разговор со српскиот дипломатски претставник во Софија истакнал дека Бугарија егзистираат 43 македонски друштва кој го признаваат Врховниот комитет на Цончев додека пак 35 македонски друштва се опозициски настроени.
Според министерот на конгресот ќе им биде дозволиле да учествуваат само оние кој го признаваат комитетот Михајловски - Цончев, а ако опозиционерите притиснат да учествуваат во работата на конгресот, тогаш Цончев и неговите луѓе со оружје ќе го растурат конгресот, а владата ќе го укине Врховниот комитет, меѓутоа не веднаш туку ќе се чека погоден момент за да не бидат обвинети од собранието.
Српскиот претставник прашал колку се вистинити гласините дека ВК во Македонија ќе започне востание на денот на прославата на Шипка, Људсканов истакнал дека востанието нема да биде во септември туку во август веднаш по конгресот.
Људсаков, за да ја отфрли замешаноста на бугарската влада, истакнал дека тие презеле соодветни мерки за да се неутрализира секое движење. Во тој контекст, Људсканов истакнал дека на границата кон Македонија биле распоредени дополнителни 100 жандари, а била издадена наредба на границата да не се задржува ниту еден Македонец.
На крајот од разговорот министерот истакнал: Ние сме сигурни дека движењето не ќе има апсолутно никаков успех, прво, затоа што сите селани сега се зафатени со полска работа, второ, што турската воена сила во Македонија е доста силна, и трето, што никакво движење во Македонија не може да успее, ако не го поддржува една од соседните држави, што овој пат не е случај. Но, ние сепак не можеме никако да ги спречиме луѓето да не направат некаква будалаштини и залудно да пролијат крв.
Агитација за востание мини|лево|120п|Стефан Николов По Х македонски конгрес Цончев почнал јавно да агитира за востание, а ги прекинал контактите со рускиот дипломатски претставник Бахматјев со кој имал редовни средби. Цончев истакнал дека ќе ја расипе прославата на Русите.
Поради таквата атмосфера бугарската влада за да се оправда пред големите сили презела одредени мерки. Најпрво било спречено преминувањето на една чета од 80 души, а на 20 август во Дупница биле приведени Цончев и Стефан Николов по што биле интернирани во своите родни места. Кај нив биле најдени револуционерни наредби потпишани од Љусаков и Радев.
На 20 септември 1902 година Стојан Михајловски ги повикал бугарските граѓани да го поддржат востанието во Македонија: Сега не се гледа кој е прав, а кој крив! - Робот е востанат и треба да се поткрепи!.
Меѓутоа на таквата агитација истапил отцепениот комитет на чело со Христо Станишев истакнувајќи дека отаде Рила нема востание. Расправијата меѓу двата комитет внел забуна меѓу бугарските граѓани, а додека тие се расправале дали има или нема востание во Македонија тоа започнало на 23 септември 1902 година.
Советувањето во Градево
Неколку дена по интернирањето Стефан Николов се нашол во Македонија. Под негово претседателство било извршено советување на врховистичките војводи во селото Градево. На ова советување било донесена одлука востанието да започне на 25 септември 1902 година, од десната страна на Струма со востанието да раководат Тодор Саев и Кочо Лефтеров, а од левата страна капетан Јурдан Стојанов.
За оваа одлука бил известен и Врховниот македонски комитет, а Антон Бозуков поднел оставка бидејќи не се дејствувало во согласност на бугарската влада. На 27 септември од дреновскиот затвор исчезнал Иван Цончев, тој на 5 октомври ја минал границата и по три дена им се придружил на востаниците.
Врховистички чети Почеток мини|лево|150п|капетан Јурдан Стојановмини|десно|300п|Четата на капетан Јурдан Стојанов Ноќта на 22 септември 1902 година во селото Србиново (денес Брежани), капетанот Јурдан Стојанов ги дал последните упатства до селаните. Истата ноќ 4 четници на Тодор Саев убиле тројца таксилдари во Железнец (Железница). Дел од селаните се исплашиле и заминале кај Саев на совет меѓутоа тој со развеано знаме истакнал дека востанието е објавено.
Во меѓувреме во Железнец се судриле аскерот и селаните, а тие биле разбиени дел од нив избегале во планина, а дел од нив заминале кај Христо Чернопеев. Тој внимавал да не се прошири востанието во останатите села, а на селаните им рекол да мируваат но за секој случај зазел позиција.
По три дена Османлиите почнале да настапуваат, а Саев и Чернопеев се повлекле. Во Малешевско Чернопеев и Крсто Асенов заробиле четник на врховистичкиот војвода Васил Пеливанов и од него разбрале дека врховистите имале сличен план за Малешевско на 30 септември. Затоа Чернопеев ја поделил својата чета на три дела и тие го обиколиле Малешевско и таму не дошло до врховистичко движење.