Лидија Размоска (, ) — македонска поетеса и културен работник.
Животопис Размоска е родена е во Охрид, на 21 јануари 1982 година. Основно и средно образование завршила во Охрид. Во Скопје, таа дипломирала на Катедрата за педагогија. Во 2011 година, таа магистрирала на тема „Делотворна деловна комуникација во основното училиште“. Работи како педагог и културен работник. Член е на книжевниот клуб „Григор Прличев“ од Охрид. Учествувала на културни манифестации од областа на книжевносто творештво.
Размоска се јавува како уредник на книги од разни македонски автори: Ристо Стефов („Short history of the Macedonian People“), Мишо Јузмески („Премин во маглата“, „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“, „Сто години копнеж“), Наум Трајчески („Секојдневие“, „Грст мудрости“, „Патеки на животот“) и др.Јузмески, Мишо:„Сто години копнеж“; „Нашиот холандски пријател А. ден Долард“;„Премин во маглата“
Објавени книги „Езерска воздишка“ - стихозбирка (Скопје, 2005, ISBN 9989-922-97-7) „Делотворна деловна комуникација во основното училиште“ - (Охрид, 2012, ISBN 978-9989-911-33-0)
Надворешни врски Лидија Размоска: Кон објавеното дело „Родослов на елшанските семејства – Елшани низ историјата“ од Борис Гопоски Стихови од Лидија Размоска во „Народна волја“
Наводи
Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Македонски педагози Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски Македонци