Едвард VII (англиски: Edward VII) бил крал на Велика Британија и Ирска, император на Индија (1901-1910), прв крал од династија Сакс-Кобург-Гота, која подоцна била преименувана како Виндзорска династија.
Едвард бил син на кралица Викторија и принцот Алберт фон Сакс-Кобург-Гота. Поради фактот што неговата мајка долго време се задржила на престолот, тој за крал бил прогласен кога имал 59 години, кое пак означува дека тој најдолго се задржал на функцијата Принц на Велс од сите други британски монарси.He was heir apparent for 59 years, 2 months and 14 days. The current heir apparent, Charles, Prince of Wales, could surpass this on 21 April 2011. He was Prince of Wales for 59 years, 1 month and 13 days; Charles could surpass this on 9 September 2017. Денот на неговото крунисување било одложено поради тоа што тој добил апендицит, па морал да оди на операција. Неговата политика довела до создавање на пријателски односи со Франција и Русија. Тој одиграл голема улога при создавањето на Антантата. Тој бил првиот британски монарх кој ја посетил Русија.
Неговото управување, аналогно на неговата мајка, се познати како Едвардска ера. Со исклучок на Бурските војни (1899-1902), кои биле започнати во времето на неговата мајка, тој водел мирна политика. Големиот број на патувања надвор од границите на островот, на кралот Едвард го претвориле во еден од најпочитуваните водачи во светот. Голем дел од европските владетели му биле роднини, кое дополнително му дозволувало да води успешна надворешна политика. Често бил нарекуван Чичко на Европа.
Наводи
Категорија:Војводи од Корнвол Категорија:Династија Сакс-Кобург и Гота Категорија:Витези на Подвеската Категорија:Витези на Златното Руно Категорија:Монарси на Обединетото Кралство Категорија:Луѓе од Вестминстер Категорија:Принцови на Обединетото Кралство Категорија:Принцови од Велс Категорија:Протестантски монарси Категорија:Европски монарси од 20 век Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Витези на Големиот крст на Редот на Бањата Категорија:Витези на Свети Патрик Категорија:Членови на Кралското друштво на Единбург Категорија:Британски принцови Категорија:Погребани во капелата „Св. Ѓорѓи“ (Виндзорски замок) Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет Категорија:Родени во 1841 година Категорија:Починати во 1910 година