Луиш Карлош Алмеида да Куња или попзнат како Нани (португалски: Luís Carlos Almeida da Cunha) — португалски фудбалер, крило на Орландо Сити и на португалската репрезентација.

Најчесто игра на позицијата десно крило, но често е користен и на левата страна.

Кариера Нани е роден на година во Праја, Капе Верде. Неговото семејство емигрирало во Португалија каде ја започнал својата фудбалска кариера играјќи за локалниот тим Реал Масама. На 16 годишна возраст тој започнал да тренира со Спортинг Лисабон и Бенфика на одредени денови. На крајот тој му се приклучил на младинскиот состав на Спортинг бидејќи тие му нудат да тренира со нив во пред сезонските подготовки. Во 2005 година, тој го направи своето професионално деби за клубот и го освои португалскиот куп за време на неговата втора сезона со нив. Нани бил прогласен за млад играч на месецот за месец мај 2007 година и неговите настапи со Спортинг кулминирале со транссфер во англискиот клуб Манчестер Јунајтед кој во јули 2007 година за сума од 25,5 милиони € го донел Нани на Олд трафорд. Нани го освои ФА Комјунити Шилд во неговото официјално деби за Манчестер Јунајтед на 5 август 2005 кога бил победен Челси. На оваа титула тој додал трофеи од Премиер лигата и Лигата на шампионите уште во својата дебитантска сезона со црвените ѓаволи. Откако тој се етаблирал како прв избор на крилото на Манчестер Јунајтед успеал да освои и уште две титули во Премиер лигата, Лига купот, ФИФА Клупско Светско првенство, и три ФА Комјунити Шилд наслови.

Нани е исто така репрезентативец на Португалија. Пред да игра на сениорско ниво, тој играше за репрезентацијата до 21-на година. Тој го направи својот сениорски деби во септември 2006 година во пријателски натпревар против Данска и го постигна својот прв репрезентативен погодок во текот на поразот од 4-2 на тој натпревар во Копенхаген. Од своето деби, тој има направено 51 настапи и постигнато 12 гола за Португалија.

Титули Спортинг Португалски куп: 2006/07

Манчестер Јунајтед Премиер лига: 2007/08, 2008/09, 2010/11 Лига на Шампиони: 2007/08 ФА Комјунити Шилд: 2007, 2008, 2010, 2011 Лига куп: 2008/09 ФИФА Светско Клупско првенство: 2008

Надворешни врски Profile на ManUtd.com Премиер Лига профил Луис Нани на soccerway

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Луѓе од Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Фенербахче Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010